Алкохолизам, деменција, финансиски проблеми: Пропаста на една од најпознатите водителки во САД
Конечно, во 2000 година, Венди роди син, но поради големиот ризик, целата бременост ја поминала во кревет.
Сопругот ја изневеруваше цела деценија
Кевин не ѝ бил само сопруг на Венди, туку и нејзин менаџер и продуцент на нејзината емисија.
НО, во 2017-та Венди откри дека тој, практично, водел двоен живот.
Имено, цела деценија, тој имал афера со девојка која била 14 години помлада од него.
Кога веста се појави во јавност, најпрво Венди го бранеше и тие останаа заедно уште некој период.
Сепак, во 2019-та, се дозна дека Кевин добил дете со љубовницата, по што Венди поднесе барање за развод и го отпушти од позицијата продуцент на шоуто.
По разводот, Венди откри дека останала со Кевин поради син ѝ, а сподели и дека Кевин имал бројни афери и таа знаела за нив.
Имаше низа проблеми со здравјето, пред последната дијагноза
Фановите почнаа да покажуваат загриженост за здравјето на Венди уште пред скоро 10 години, кога Венди изгуби свест на телевизија, на пренос во живо.
Во емисијата за Ноќта на вештерките, Венди беше облечена како Статуата на слободата и додека зборуваше почна да делува збунето, по што емисијата беше прекината со реклама.
Неколку минути подоцна, таа кажа дека само ѝ било премногу топло во костимот и затоа изгубила свест.
Сепак, следната година Венди откажа неколку емисии изјавувајќи дека ѝ треба време само за себе.
Тогаш фановите почнаа да истакнуваат дека Венди се однесувала чудно во епизодите пред да ја најави паузата.
Некогаш ги развлекува зборовите, некогаш гледа чудно, некогаш прави долги паузи…
Венди откри дека била дијагностицирана со автоимуно нарушување на тироидната жлезда, а околу една година подоцна сподели дека има и дијагноза за лимфедем.
Поради здравјето и зависностите, го откажа нејзиното шоу
Во 2021 година беше најавено дека Венди ќе престане да го снима нејзиното шоу поради проблеми со здравјето.
Тој период таа беше фотографирана како оди кон болница само по наметка во навистина неуредно издание, со што ги разгоре шпекулациите дека здравјето ѝ се влошува.
Некои извори, пак, изјавија дека Венди пиела секој ден и дека очајно ѝ треба помош.
Поради сето ова, Венди имаше и финансиски проблеми, а во 2022-ра ѝ беше назначен легален старател бидејќи се утврдило дека повеќе не е во состојба да се грижи за себе
Кратко потоа, се дозна и нејзината дијагноза со афазија и фронтотемпорална деменција.
Последните новости за Венди се од нејзиниот легален старател кој вели дека состојбата на водителката се влошува секој ден.
Спирова С. | Црнобело