Има 4 деца и планира свадба, но оди на суд за силување: Како Конор МекГрегор си ја уништи репутацијата (и кариерата)?
Сексуален напад во Даблин
Во 2019 година, јавноста дозна дека Конор е под истрага за сексуален напад во хотел во Даблин.
Потоа, уште една жена го обвинила дека ја нападнал во близина на паб во Даблин.
Тој ги негираше обвиненијата, но сепак беше приведен и испрашан, а на крај ослободен.
Сепак, истрагата за нападот во хотелот повторно беше отворена и жената тврдеше дека тој не само што ја силувал, туку ѝ се заканувал и дека ќе ја убие.
Ова е случајот за кој Конор треба да исплати 250.000 евра.
Физички напад во паб во Даблин
Повторно во 2019 година, во јавност се појави уште едно видео од инцидент на Конор.
На видеото се гледа како боксерот удира маж во паб во Даблин.
Причината за нападот било тоа што Конор му понудил од неговото виски, што го пушти во продажба кратко пред инцидентот, но мажот го одбил.
Бидејќи дотогаш Конор имаше досие од бројните прекршоци, постоеше можност да добие 6-месечна затворска казна.
Но, направиле спогодба со жртвата и боксерот му исплатил одредена сума која не е позната за јавноста.
Уште еден сексуален напад
Во 2020 година, Конор помина два дена во притвор на францускиот остров Корзика, поради обвиненија за сексуален напад.
Сепак, беше ослободен бидејќи немало доволно докази.
Нападна диџеј
Италијанскиот диџеј и ТВ презентер Франческо Фачинети го обвини Конор за физички напад.
Според диџејот, Конор му удрил бокс додека биле во Рим.
Тогаш диџејот изјави дека „Конор е опасен и некој треба да го запре“, а објави и видео на кое се гледаат повреди на устата.
Тој поднесе тужба, но не е познат исходот.
Удрил жена на јахта на Ибица
Минатата година жена го обвини Конор дека вербално и физички ја малтретирал додека биле на неговата јахта.
Прво почнал да ја навредува, па ѝ удрил бокс и на крај ја удирал со клоци. Притоа, ѝ се заканил дека ќе ја удави.
Таа изјави дека морала да избега, стравувајќи за својот живот.
Конор ги негираше обвиненијата и иако беше почната истрага, по некое време жената ја повлече тужбата од непознати причини.
Спирова С. | Црнобело