Има 4 деца и планира свадба, но оди на суд за силување: Како Конор МекГрегор си ја уништи репутацијата (и кариерата)?
- Детали
- среда, 27 ноември 2024
Конор МекГрегор веќе има дебело досие и низ годините, покрај за силување, одговарал за тепачки, кршење автобус и безброј сообраќајни прекршоци.
Конор МекГрегор, кој извесен период беше најплатениот спортист на земјата и на врвот на кариерата заработуваше над 100 милиони долари годишно, сега очајно пробува да си ја спаси репутацијата, но и кариерата.
Низ годините, професионалниот борач и боксер имал бројни судири со законот, но последното судење како да ја прели чашата.
Неодамна, Ирецот беше прогласен за виновен за напад и силување и треба да ѝ плати околу 250.000 евра на жртвата.
Конор веќе 15 години е во врска со свршеницата Ди Девлин, а имаат и четири деца.
Но, наместо да планира свадба, Конор ќе треба да „се влече“ по судови бидејќи уште четири жени го обвинуваат за силување.
Свршеницата, пак, го придружуваше на секое сослушување за последниот случај.
Дел од скандалите и контроверзиите што му ја уништија репутацијата на Конор:
Бројни сообраќајни прекрошоци
Од периодот кога почна да се прославува, до денес, Конор зад себе има десетина сообраќајни прекрошоци.
Во 2017 и во 2018 година беше обвинет за возење над дозволената брзина поради што доби парична казна, но и му беше одземена возачката дозвола во период од шест месеци.
Во 2022 година, боксерот имаше дури шест сообраќајни прекрошоци, а поради еден надлежните му го одземаа спортскиот автомобил.
Искрши автобус
Во 2018 година, во јавност се појави снимка на која се гледа како Конор мава корпа за отпадоци кон автобусот.
Инцидентот се случи за време на прес-конференција на UFC (Ultimate Fighting Championship).
Наводно, боксерот сакал да нападне негов противник на првенството кој тогаш се наоѓал во автобусот. Според изворите, Конор и противникот се скарале претходно, во хотел.
Но, покрај противникот, внатре имало и други борачи и дел од нивните екипи.
Конор успеа да искрши неколку прозорци од автобусот, а дел од луѓето внатре биле повредени.
Некои борачи морале да го прескокнат натпреварот поради повредите.
Конор самиот се пријави во полиција и направија спогодба со повредените.
Им плати оштета, мораше да посетува курс за справување со гневот, а помина и пет дена во општокорисна работа.