Перела завеси, работела во барови – Како сопругата на Златан Ибрахимовиќ се збогатила пред да го запознае?
- Детали
- недела, 24 ноември 2024
Златан ја запросил, таа го одбила. Уште пред да започне врска со него била успешна и позната, а мрази кога ја нарекуваат „партнерката на Ибрахимовиќ“. Како Хелена Сегер го стекнала богатството уште пред да го запознае Златан и што знаеме за неа?
Речиси сите знаат дека светски познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (43) веќе со години е во врска со Хелена Сегер (54), која е 11 години постара од него и е мајка на неговите две деца.
Веќе 22 години парот живее заедно, но никогаш не застанале пред олтар и не склопиле граѓански брак. Нa прашањето зошто е тоа така, Златан во една пригода рече дека тој ја запросил, но таа го одбила.
„Ѝ реков по 20 години заеднички живот, заслужува да биде во брак со мене. Таа ми рече: ’Не, не треба да бидам омажена со тебе за да бидам со тебе‘.
Таа е силна, многу силна жена“ – рече Златан и додаде дека таа ѝ била единствената шанса и веќе нема ни да се обидува да ја запроси.
Италијанските и шведските медиуми често пишуваат за тоа како Хелена не сака да ја ословуваат како „партнерката на Ибрахимовиќ“ и дека тешко се носи со славата на нејзиниот партнер.
Впрочем, таа често знае да напомни дека била успешна бизнис-жена уште пред да го запознае него.
Во продолжение неколку интересни факти за поубавата половина на Ибрахимовиќ, што можеби не сте ги знаеле:
Хелена се родила и пораснала во Линдесберг, Шведска, како најстаро од трите деца. Мајка ѝ работела како наставничка, а татко ѝ имал автошкола и паралелна работел како пекар.
Оние што ја познаваат од тој период за неа велат дека постојано била насмеана, љубезна, храбра и амбициозна, па токму заради тоа и успеала во животот.