Двапати се женел, а се вљуби во 46 години помлад дечко – Што знаеме за дизајнерот Келвин Клајн?
- Детали
- сабота, 23 ноември 2024
Додека беше во брак со втората сопруга кружеа гласини дека е бисексуалец, затоа што со 20 години живееја во посебни станови. Од првиот дечко барал да оди на детектор за лаги, а се чини дека конечно ја најде среќата покрај друго 46 години помладо момче. Што знаеме за Келвин Клајн?
Келвин Клајн е познато име во светот на модата. Неговата компанија е најпозната по линиите за долна облека и џинс, а низ годините бил озлогласен заради премногу експлицитните реклами.
Внимание привлекува, како со смелите дизајни, така и со приватниот живот, а денес е 81-годишен старец кој живее заедно со својот 47-години помлад дечко.
Што знаеме за скандалозниот моден дизајнер?
Келвин бил роден во 1942-ра година во Бронкс, Њујорк, во семејство на унгарски Евреи кои емигрирале во САД.
Љубовта кон модниот дизајн ја добил од баба му која била шивачка.
Мајка му ја поддржувала неговата љубов кон модата, па така Келвин дипломирал на Институтот за модна технологија, а потоа работел како чирак во кројачко студио кое изработувало капути и костуми во Њујорк.
Во слободното време, младиот Келвин работел на сопствените дизајни, но кога сопствениците на салонот каде што работел, дознале за неговите дизајни, го избркале од работа.
Во тој период, Келвин ја запознал дизајнерката Џејн Сентер, со која стапил во брак во 1965-та година. Од бракот со неа ја добил ќерката Мерси.
По ова, во 1968-ма година Келвин, одлучил да ја основа својата компанија заедно со неговиот пријател од детството Бери К. Шварц, кој му позајмил 10.000 долари и прво почнале да произведуваат капути.
Келвин и Бери биле другари од 5-годишна возраст, заради нивните татковци кои и двајцата имале продавници. Но, Келвин одлучил да се образува во полето на модата и дизајнот, а Бери планирал да го наследи татко му и да продолжи со синџир со супермаркети.
Но, оваа идеја пропаднала откако татко му бил убиен, па така одлучил да влезе во бизнис со другарот од детството.
Ова дуо цели 35 години било задолжено за развојот на компанијата. Келвин е тој што требало да се грижи за креативниот дел, а Шварц го водел административниот дел на компанијата и никогаш не му пречело тоа што Келвин е „лицето“ на брендот, а тој останува во заднина.
Во 1973-та година, брендот почнал да произведува спортска облека, а успесите на поле кариера само почнале да се нижат.
Но, како што се нижеле успесите на поле кариера, така приватниот живот на Келвин почнал да се распаѓа. Тој во 1975-та година се развел од првата сопруга, а 2 години подоцна, во 1977-ма година, неговата ќерка Мерси била киднапирана за откуп.
Келвин платил 100.000 долари откуп, а два дена подоцна биле упасени дадилката Поли Ренси, нејзиниот полубрат Доминик и неговиот другар Сесил Вигинс.
Келвин Клајн во тој период сакал да живее ергенски живот и бил постојано присутен во клубот Studio 54 кое се отворило таа година.
Во 1980-та година неговиот бренд ќе се најде среде скандал кога била објавена рекламата со Брук Шилдс, која имала само 15 години кога ги рекламирала фармерките на брендот, со зборовите:
„Погодете што носам под моите фармерки? – Ништо!“