Луис Фонси ја има најзгодната сопруга, извајана на 43 години - издоминира и на Латино Греми наградите
- Детали
- петок, 15 ноември 2024
„Со Луис се запознавме пред повеќе од 14 години, преку заеднички пријател, и станавме пријатели. Но, почнавме да се запознаваме и сфативме дека имаме милион заеднички работи“, вели Агеда Лопез.
Сопругата на Луис Фонси, Агеда Лопез, издоминира на Латино Греми наградите. Таа на 43 години во двата фустани со отсечоци изгледа спектакуларно и е како извајана.
Тие се во брак од 2014 година и заедно ги имаат ќерката Микаела и синот Роко.
Агеда Лопез е мајка на две деца, но и успешен модел и деловна жена. Родена е во Кордоба, Шпанија, а во Мадрид студирала новинарство.
Таа исто така била танчарка, но потоа сфатила дека манекенството е нејзината страст.
Од 2013-та година убавата бринета започнала да се појавува во улогата на водител на неколку телевизиски проекти и до денес успешно го прави тоа.
Таа е инфлуенсерка со повеќе од 2 милиони следбеници на Инстаграм.
Во едно интервју Агеда изјави:
„Со Луис се запознавме пред повеќе од 14 години, преку заеднички пријател, и станавме пријатели.
Почнавме да се запознаваме и сфативме дека имаме милион заеднички работи, иста животна филозофија. Љубов кон миленици, сличен хумор и некако судено ни беше.
Сега, имаме две прекрасни деца, кои се центар на нашите животи и нè инспирираат секојдневно да бидеме најдобрата верзија од себе“.