Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг
- Детали
- сабота, 16 ноември 2024
Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо, по ова добил дијагноза дека има АДХД. Прва девојка во Холивуд му била Сандра Булок. Интересни факти за Рајан Гослинг што сигурно не сте ги знаеле?
Рајан Гослинг денес е еден од најпознатите холивудски актери кој живее во складен брак со сопругата Ева Мендез и двете деца, а максимално се труди да ја скрие приватноста од таблоидите и папараците.
Тој годинава го прослави својот 44-ти роденден, а малкумина знаат дека неговото детство не било лесно и заради траумите во детството одлучил децата да не ги праќа во училиште.
Во продолжение неколку интересни факти за Рајан Гослинг што сигурно не сте ги знаеле:
Рајан е роден во Лондон, Канада во семејството на Дона и Томас Гослинг. Татко му бил патувачки трговец, па семејството често се селело.
Актерот добил желба да се занимава со глума заради неговиот чичко кој бил имитатор на Елвис, па тој како момче настапувал и танцувал во голем број претстави низ Канада.
Татко му бил припадник на мормонската религија, па актерот израснал во религиозно опкружување, но од најмала возраст се забележувало дека тој има проблем со концентрацијата и темпераментот.
„Уште кога имав 2 години излегував од дома гол, кршев работи, ја ставав мачката во машината за сушење облека и за малку ќе ја запалев куќата“ – раскажа Рајан во една пригода.
На 5 години тој со семејниот автомобил удрил во друг автомобил. Кога почнал да оди во училиште, актерот имал проблеми со концентрацијата и читањето, па сите забележувале дека тој заостанува во однос на врсниците.
На 10-годишна возраст, Рајан првпат го гледал филмот Rambo со Силвестер Сталоне и тоа му донело голем број проблеми. Еден ден зел ножеви и ги однел во училиште, па почнал да ги фрла на игралиштето, заради што добил суспензија.
Набрзо потоа, Рајан добил дијагноза дека има АДХД и во училиштето одлучиле да го префрлат во одделение за деца со посебни потреби.
Но, мајка му Дона, одлучила да ги земе работите во свои раце и го отпишала од училиште, па почнала сама да го образува дома една година.
Рајан вели дека уште во тој период посакувал да си замине од дома, затоа што не сакал како татко му да работи во печатница и посакувал нешто подобро за себе.
Така на 12 години сонот му се остварил кога победил на аудиција и бил дел од шоуто Mickey Mouse Club, заедно со Кристина Агилера, Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк…
Интересно е тоа што во тој период, мајка му на Рајан морала да остане во Канада за да работи, а негов легален старател била мајка му на Џастин Тимберлејк. Во овој период тие двајца многу се зближиле и станале добри другари.
Набрзо по учеството во шоуто, Рајан се соочил со семејна драма, кога неговите родители се развеле. Мајка му, Дона сама ја превзела грижата за Рајан и за сестра му Менди.
Има гласини дека по разводот Рајан го прекинал целосно контактот со татко му и дека не сака да разговара со него. Блиските тврдат дека татко му се обидувал да стапи во контакт со него, но актерот не прифатил.
Тој во една пригода рече дека тоа што израснал со две жени го направило да почне да размислува како жена.