Анорексија, бурен развод – Како славата им го уништи животот на Мери Кејт и Ешли Олсен?
Јавноста беше сурова кон нив
Во тинејџерските години, Мери Кејт и Ешли честопати беа мета на секакви шпекулации и критики.
Но, можеби најморничаво е што во САД почнаа да се појавуваат веб-сајтови кои одбројуваа до нивниот 18-ти роденден.
Односно, одбројуваа до денот кога ќе станат полнолетни и машките фанови ќе можат слободно да коментираат за нивниот изглед и да ги гледаат како секс симболи.
Мери Кејт имаше анорексија
На бројни интервјуа, Мери Кејт и Ешли беа прашувани за нивниот изглед – дали се здебелиле, дали ослабиле, дали имале нарушување во исхраната…
Во едно од поконтроверзните интервјуа, и тоа со Опра Винфри, водителката почна да зборува за оваа тема.
Таа им спомна за гласините дека имале нарушување во исхраната и ги прашуваше која големина на облека ја носат.
Иако и двете ја замолија да ја промени темата, Опра инсистираше со прашањата
Кратко по објавувањето на интервјуто, Мери Кејт отиде во центар за третирање анорексија.
Мери Кејт нема среќа во љубовниот живот
Ешли имаше неколку врски со познати личност, вклучувајќи ги Џаред Лето, велосипедистот Ленс Армстронг, па и актерот Дакс Шепард.
Во 2022 година, таа се венча со сегашниот сопруг, а лани добија и дете.
Од друга страна, љубовниот живот на Мери Кејт е малку поразличен.
Имаше гласини дека била во врска со Хит Леџер и дека кога бил пронајден мртов, таа била првата личност што ја контактирале. Сепак, Мери Кејт одбива ад зборува за неговата смрт.
Потоа, таа беше во врска со Оливие Саркози, кој е брат на поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Иако тој е 17 години постар од неа, тие се венчаа и беа заедно пет години.
Но, во 2020-та, среде пандемијата, се разделија и наводно Оливие ја избркал од нивниот дом.
Имено, тој прво ја поканил бившата сопруга да живее со нив за време на пандемијата, по што почнала караница со Мери Кејт.
Не е познато дали Мери Кејт сега има друг партнер.
Се соочија со тужба поради нивната фирма
Иако самите биле експлоатирани уште од детството, и Мери Кејт и Ешли експлоатирале вработени во нивната фирма.
Во 2015 година, 40 луѓе кои работеле во нивната компанија ги тужеа бидејќи сестрите ги најмиле како практиканти, но ги терале да работат со полно работно време.
Односно, тие работеле исто како и вработените во фирмата, но добивале минимален надомест.
Близначките направија спогодба надвор од судница и им исплатија над 140.000 евра на практикантите.
Спирова С. | Црнобело