Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката на Елвис Присли

Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога проблемот со зависност ѝ бил најлош, Лиза пиела и по 80 опијати дневно…

doma-go-chuvala-mrtvoto-telo-na-sin-koj-se-samoubi-potresni-detali-od-memoarite-na-liza-kjerkata-na-elvis-prisli-01.jpg

Во вторникот (07.10) беа издадени мемоарите на ќерката на Елвис Присли – Лиза Мари Присли.

Лиза почина минатата година, на 54-годишна возраст, па мемоарите ги доврши нејзината ќерка Рајли Кио.

Во книгата, Лиза открива нови детали од нејзиниот бурен и тажен живот, а зборува и за нејзината зависност, смртта на татко ѝ, како и самоубиството на син ѝ Бенџамин.

Дел од потресните факти изнесени во искрената книга на Лиза:

Очекувала татко ѝ Елвис Присли да умре

Лиза имала само девет години кога го изгубила татко ѝ.

Во мемоарите, таа опишува неколку инциденти кои ја натерале да стравува за неговиот живот – еднаш го нашла без свест на подот во бањата.

doma-go-chuvala-mrtvoto-telo-na-sin-koj-se-samoubi-potresni-detali-od-memoarite-na-liza-kjerkata-na-elvis-prisli-02_copy.jpg

На денот на неговата смрт, веќе ѝ било јасно дека ќе го изгуби и отишла во нејзината соба да запали цигара.

Во тој момент, дедо ѝ влегол во собата и ѝ кажал дека Елвис починал.

„Животот што го знаев дотогаш заврши. Тој е мртов и сега јас сум заглавена со неа (мајка ѝ Присила)“, пишува Лиза.

doma-go-chuvala-mrtvoto-telo-na-sin-koj-se-samoubi-potresni-detali-od-memoarite-na-liza-kjerkata-na-elvis-prisli-03_copy.jpg

Дечкото на мајка ѝ сексуално ја малтретирал со години

По смртта на Елвис, Присила Присли почнала врска со моделот и актер Мајкл Едвард, кој сексуално ја вознемирувал.

Тогаш Лиза имала само десет години.

„Еднаш влезе во мојата соба среде ноќ. Ми рече дека ќе ми покажел што ќе се случи кога ќе пораснам.

Ми ја стави раката на градите и ми рече дека мажите ќе ме допирале таму.

Потоа ми ја стави раката меѓу нозете и ми рече дека ќе ме допирале и таму“, пишува Лиза.

doma-go-chuvala-mrtvoto-telo-na-sin-koj-se-samoubi-potresni-detali-od-memoarite-na-liza-kjerkata-na-elvis-prisli-04_copy.jpg

Таа и кажала на мајка си која, пак, го натерала дечко ѝ да ѝ се извини.

Но, малтретирањето продолжило.

Ја допирал и ја удирал по задникот, а кога Присила го прашувала за инцидентите, тврдел дека Лиза флертувала со него.

doma-go-chuvala-mrtvoto-telo-na-sin-koj-se-samoubi-potresni-detali-od-memoarite-na-liza-kjerkata-na-elvis-prisli-05.jpg

Мајка ѝ ја однела во центар за славни личности на скиентолошката црква

Односот на Лиза и Присила само се влошувал по смртта на Елвис.

Па, кога била тинејџерка, Лиза била испратена во скиентолошки центар за познати личности.

„Првото утро во центарот, му се јавив на мојот дилер и поканив шест-седум луѓе. Не спиевме четири дена“, пишува Лиза.

doma-go-chuvala-mrtvoto-telo-na-sin-koj-se-samoubi-potresni-detali-od-memoarite-na-liza-kjerkata-na-elvis-prisli-06.jpg

Сепак, таа вели дека на некој начин, скиентологијата ѝ помогнала бидејќи таму се чувствувала прифатено.

doma-go-chuvala-mrtvoto-telo-na-sin-koj-se-samoubi-potresni-detali-od-memoarite-na-liza-kjerkata-na-elvis-prisli-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg