Коцкање, тепачки, афери – Мрачната страна на Мајкл Џордан
- Детали
- сабота, 21 септември 2024
Со првата сопруга се разведе бидејќи наводно ја изневерувал, а во една пригода му удри бокс на колега од истиот тим.
Мајкл Џордан важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а го знаат дури и оние кои немаат изгледано ниту еден кошаркарски натпревар во животот.
Во 1980-тите и 1990-тите беше најголемата ѕвезда, а благодарение на кошаркарската кариера, но и бројните реклами и соработки со брендови, стекна богатство од над 3 милијарди долари.
Но, како секој, ни Мајкл Џордан не е совршен.
Дел од скандалите што ја одбележаа кариерата на кошаркарот:
Му удри бокс на колегата Стив Кер
Мајкл Џордан и кошаркарот Стив Кер заедно играа за Chicago Bulls, а во 1995 и 1996 година, нивниот однос се заладил.
Имено, Џордан постојано му пререкувал за време на тренинзите, а во една пригода, Кер му возвратил на навредите.
Џордан се разгневил и му удрил бокс на колегата кој добил и модринка на окото.
Неколку години подоцна, Кер изјави дека тој ден Џордан „се закачувал“ со сите.
„Џордан зборуваше сешто, а јас бев гневен бидејќи таа сезона губевме.
Пробав да го смирам, но ова го разгневи… Беше хаос. Се расправавме и на крај добив бокс. Не ни помнам кога ме удри“.
Според Кер, на крај Џордан сепак му се извинил, а денес се во добри односи.
Имаше проблем со коцкање
Иако кошаркарот тврдеше дека нема проблем со коцкање, во 1990-тите беше јасно дека тоа не е точно.
Џордан првпат привлече внимание со коцкањето во 1993 година, кога кошаркарот имал натпревар во Њујорк.
Вечерта пред натпреварот, отишол во Атланта за да се коцка и се вратил во 2-3 часот по полноќ каде што наводно изгубил многу пари.
И, следниот ден неговиот тим изгуби поради неговиот лош перформанс на теренот.
Претходно, во 1991 година, кошаркарот не отиде на официјална средба во Белата куќа за да оди да се коцка.
А, според некои извори, во 1990-тите, Џордан имал долг од еден милион долари поради коцкање , а во казино во Лас Вегас успеал да изгуби пет милиони во само една ноќ.
Според други извори, имал изгубено и десет милиони во една ноќ.