Коцкање, тепачки, афери – Мрачната страна на Мајкл Џордан
Ја изневерил првата сопруга
Мајкл Џордан и Хуанита Ваној се венчаа кога кошаркарот беше на врвот на кариерата.
Откако се разведоа, се дозна дека Хуанита имала најмено приватен детектив бидејќи се сомневала дека ја изневерува.
Се дозна и дека жена по име Карла Кнафел имала афера со кошаркарот, а потоа му барала 5 милиони долари за да не кажува ништо во јавноста.
Таа тврдеше и дека добила дете од него, но ова не беше потврдено.
Ги мамел пријателите за пари
Покрај одењето во казино, Џордан имал навика да се обложува и на трки.
Порано, пред натпреварите на Chicago Bulls, на видеобимот прикажувале трки со анимирани бикови.
Откако Џордан дознал дека трките биле снимени однапред, го прашувал операторот на видеобимот кој бик ќе победи.
Па, се обложувал со негов пријател и со секој облог му земал по сто долари.
Самиот има изјавено дека е лоша личност
Уште во 1990-тите, Мајкл Џордан имаше изјавено дека не сака што е популарен и затоа се крие од јавноста (денес повеќе од кога било).
„Се кријам, седам дома. Има многу денови кога не сакам да бидам опкружен со луѓе.
Јас сум лоша, злобна личност. И, се кријам додека не сум расположен за други луѓе“, изјави во интервју.
Спирова С. | Црнобело