Кои познати личности ја криеја дијагнозата со рак?
Лила Филиповска
Нашата најпозната водителка откри дека го победила ракот во март 2023 година со објава на Инстаграм во која најави интервју за нејзината борба.
„Канцерот ми го смени животот, но не и мојата вредност.
Првпат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам, туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме“, напиша меѓу другото познатата водителка.
Алан Рикман
И Алан Рикман ја криеше дијагнозата со рак, а јавноста дозна по неговата смрт.
Ѕвездата од серијалот „Хари Потер“ имал рак на панкреасот, а и покрај болеста, често се појавуваше во јавност.
Тој почина во 2016 година.
Коби Смолдерс
Актерката која се прослави со улогата во How I Met You Mother водела битка со рак на јајникот додека ја снимала серијата.
Била дијагностицирана во нејзините 20-ти, а првпат прозборе за болеста пет години откако се излечила.
„Сега, кога поминаа пет години откако сум излечена, го гледам целото искуство како позитивно и како лекција.
И, ако можам да ја зголемам свесноста за болеста, ќе пробам да го направам тоа“, изјави таа во 2015-та.
Вал Килмер
Вал Килмер, кој се прослави со филмовите Top Gun и Batman Forever, две години ја криеше дијагнозата за рак на грлото.
Од 2015-та кога ја добил дијагнозата, до 2017-та, тој криеше од јавноста и се двоумел дали воопшто да оди на третман.
На крај, неговите деца го убедиле. Но, поради хемотерапијата, радијацијата, како и операцијата, денес говорот на актерот е значително отежнат.
Во 2020-та, тој сними и документарец за неговото искуство.
Спирова С. | Црнобело