Актери кои ги тероризирале колегите на снимање (и никој не сака да работи со нив)
Расел Кроу
Расел Кроу е толку проблематична личност, што еднаш мораше и јавно да се извини за неговото однесување на доделување на награди.
Раперката Азалија Бенкс, пак, го има обвинето за физички напад.
А, на сетот на Gladiator се однесувал ужасно кон сите, постојано им викал и ги навредувал, а редовно се расправал и со режисерот.
Гвинет Палтроу
Гвинет Палтроу честопати е критикувана од јавноста дека нема допир со реалноста, а наводно така се однесувала и во друштво на други ѕвезди.
На пример, се правела дека не знае кој е Том Холанд, без разлика што заедно го снимаа Avengers: Endgame.
Друг актерот од филмот, пак, има изјавено дека трипати ѝ се претставувал, без разлика што имале заеднички сцени.
Едвард Нортон
Иако е мошне добар актер, соработката со Едвард Нортон оди многу тешко, барем според неговите колеги.
Актерот честопати барал режисерите да прават промени во сценариото и се лутел кога не го слушале.
Генерално, актерот сакал тој да биде главниот на филмскиот сет и пробувал да контролира сè – од сценарио и режија, до светло, статисти и други актери.
Марлон Брандо
Бројни холивудски актери имаат приказни за лошиот темперамент на Марлон Брандо.
Ретко соработувал со режисерите, а другите актери го избегнувале.
Еднаш дури и расплакал актерка со која снимале сцена со силување, а тој не сакал добро да се подготват.
На крај, не ѝ се ни извинил.
За филмот Apocalypse Nоw, пак, на сетот се појавил со вишок килограми, без разлика што неговиот лик требало да биде војник во топ форма. Па, режисерот морал да ги менува кадрите со него.
Спирова С. | Црнобело