Шпанските танчари со голи задници и штикли, песна на Дарко Димитров во финале - Највпечатливите моменти од Евросонг 2024
- Детали
- петок, 10 мај 2024
Иако Македонија годинава нема свој претставник, песната на Грузија има македонски шмек. Нашиот продуцент Дарко Димитров е еден од авторите на Firefighter, песната со која Нутса Бузаладзе влезе во финалето.
Вчеравечер (09.05) во Малме се одржа второто полуфинале на Евровизија. Најголемото музичко натпреварување во Европа се одржува по 68. пат, а во второто полуфинале настапија 16 земји учеснички.
Во финалето се пласираа десет од нив и тоа: Латвија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија.
Водителките на Евросонг
Тие ќе им се придружат на 10-те финалисти од првото полуфинале, на земјите претставнички на големата петорка (Германија, Франција, Шпанија, Италија и Велика Британија), како и на претставниците на земјата домаќин - Шведска.
Од нашите соседи оваа вечер настапија Грција и Албанија.
Интересно е што Македонија годинава нема свој претставник, но сепак песната на Грузија има македонски шмек.
Дарко Димитров со Нутса Бузаладзе
Нашиот композитор и продуцент Дарко Димитров е еден од авторите на песната Firefighter, со која Нутса Бузаладзе влезе во финалето.
Ова е 14-та песна на која работел Дарко, а која се пеела на Евросонг.
Кои беа најинтересните моменти од второто полуфинале?
Втората вечер ја отвори претставничката на Малта, чиј настап многумина го споредија со настапот на Шанел од Шпанија во 2022 година.
Малта
Швајцарија e меѓу фаворитите за победа оваа година. Нивниот претставник на сцената беше сам, облечен во кратко розово здолниште и розово палто.
Испеа совршено, а коментарите уште пред неговиот настап се дека тој има еден од најмоќните вокали на оваа Евровизија.
Швајцарија
Грција се претстави со модерна песна која има примеси на етно елементи, а настапот им беше осмислен како reel за Инстаграм или видео за ТикТок.
Грција