Проблематичниот син на Николас Кејџ: Ја удрил мајка му додека имал нервен слом, има убиено куче

Бившата на Николас Кејџ се појави со голема модринка на окото која ја добила од нивниот син Вестон Кејџ. Ова не е првиот инцидент на 33-годишниот Вестон кој со години има сериозни проблеми со менталното здравје. Што знаеме за него?

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-01.jpg

Актерот Николас Кејџ има три деца – синот Кал-Ел кој го доби со поранешната сопруга Алис Ким, синот Вестон, кој го доби со бившата девојка Кристина Фултон, како и ќерката Август Франческа која ја доби со сегашната сопруга во 2022 година.

А, со средното дете, синот Вестон, актерот има проблеми веќе со години.

Последно, 33-годишниот Вестон беше уапсен со обвинение дека ја нападнал мајка му Кристина Фултон.

Наводно, на 28-ми април, Вестон и мајка му почнале да се расправаат во домот на Кристина во Лос Анџелес, по што ситуацијата ескалирала и тој физички ја нападнал.

Во нејзиниот дом дошла и брза помош, но таа одбила да оди во болница. Била повикана и полиција, но дотогаш Вестон веќе си заминал.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-08.jpg

Вестите за инцидентот ги пренесе TMZ, откако во неделата (05.05) Кристина беше фотографирана со голема модринка на окото која ја добила од син ѝ.

Според извори блиски до бившата на Николас Кејџ, Вестон имал емотивни и психички проблеми, а мајка му пробала да го утеши, но ситуацијата тргнала во погрешна насока.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-04.jpg

На 6-ти мај, Кристина се огласи за инцидентот:

„Јас и Вестон не се расправавме пред инцидентот. На 28-ми април, бев контактирана од неколку негови пријатели за да им помогнам бидејќи имал криза со менталното здравје.

Реагирав брзо за да се осигурам дека тој е безбеден. Кога го видов, сфатив дека син ми очигледно е во состојба на нервен слом, што се претвори во застрашувачко искуство.

Отсекогаш сум му помагала на син ми со проблемите со менталното здравје“.

Ова не е првпат синот на Николас Кејџ и Кристина да има проблеми со менталното здравје. Всушност, тој беше и присилно хоспитализиран поради насилен инцидент.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-05.jpg

Неколку детали од неговиот живот, но и за битките со менталното здравје:

Има свој бенд

Додека повеќето членови на неговото семејство се занимаваат со глума, Вестон одлучи да гради музичка кариера.

Најпрво, основал метал бенд додека бил во средно, и со ова станал релативно познат кај љубителите на овој жанр.

Бендот се растури во 2012-та, а потоа Вестон основа уште еден бенд кој е активен и денес.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-11.jpg

Беше во брак трипати

Првата сопруга на Вестон се вика Ники Вилијамс и беа во брак само една година – од 2011-та до 2012-та.

Бракот со втората сопруга, Даниел, издржа три години, а парот доби и два сина.

Вестон се венча со третата сопруга Хила во 2018-та и се заедно до денес.

problematichniot-sin-na-nikolas-kejdzh-ja-udril-majka-mu-dodeka-imal-nerven-slom-ima-ubieno-kuche-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg