Ја сними мајка му во секс сцена, ги обвинуваат за инцест - Што знаеме за синот на Елизабет Харли?
- Детали
- недела, 14 април 2024
Холивудската ѕвезда Елизабет Харли има еден син, Демијан, кој е нејзина копија. Но нивниот однос јавноста го опишува како „чуден и инцестоиден“. Што знаеме за него?
Демијан, единственото дете на актерката Елизабет Харли, тргна по стапките на својата славна мајка.
Тој одамна е во светот на модата и филмот, а неодамна го режираше и својот прв филм Strictly Confidential.
Во филмот, за кој Демијан го напиша и сценариото, неговата мајка ја има главната улога, па тој ја снимаше и секс сцената на мајка си со девојка.
Ова повторно ги подгреа контроверзиите за нивната блискост, поради која јавноста често ги обвинува за инцест.
Што знаеме за синот на Елизабет Харли, кој е нејзина копија?
Демијан е роден во 2002 година, од 18-месечната врска на Харли со бизнисменот Стив Бинг.
Брзо по раѓањето на синот, тие раскинаа и никогаш не се венчаа.
Две години претходно, во 2000-та, Елизабет ја раскина врската со Хју Грант, која траеше 13 години.
И покрај тоа што се разделија, останаа добри пријатели, до толку што Харли побара Грант да биде кум на нејзиниот син. Денес, актерот и неговото кумашинче се многу блиски.
Демијан растеше во Англија, а потоа и во Австралија.
Меѓу 2007 и 2011 неговата мајка беше во брак со бизнисменот Арун Најар, кого Демијан го сметаше за свој татко, бидејќи никогаш не изгради добар однос со Бинг.
Во 2011 со мајка си се пресели во Австралија, откако таа почна да се гледа со австралискиот крикет играч Шејн Варн.
Како дете се појави во серијата The Royals во која неговата мајка ја глумеше кралицата на Англија.
Сепак, повеќе сака да позира пред камера, па долги години работи како модел.
Првата поголема работа ја доби во 2019 година за козметичкиот брендот Pat McGrath Labs.