5 познати личности кои биле убиени од фанови (и зошто)
Кристина Грими
Веројатно не сте слушнале за пејачката Кристина Грими бидејќи кога почна да се пробива на светската музичка сцена, беше сурово убиена.
22-годишната Кристина го освои третото место на американското музичко натпреварување The Voice и стана позната во нејзината земја.
Но, во јуни 2016 година, младата пејачка беше застрелана и убиена од 27-годишниот Кевин Лоибл, фан кој бил опседнат со неа.
Кристина туку што одржала концерт во Орландо и се фотографирала со фанови, кога убиецот ѝ пришол, а според сведоците, Кристина дури сакала и да го прегрне.
Но, тој ја застрелал, а речиси веднаш потоа извршил самоубиство.
Подоцна пријатели блиски до убиецот открија дека Кевин минувал голем дел од времето гледајќи Јутјуб видеа од Кристина и постојано ја демнел на социјалните мрежи.
Селена Кинтанила Перез
Латино пејачката Селена стекна светска слава во 1995-та, откако издаде албум на англиски јазик.
Но, како што кариерата почна да ѝ се движи во нагорна линија, во март 1995 година, Селена била намамена во мотел во Тексас и овде била убиена.
Убиецот е Јоланда Салдивар која била како лидер на клуб на обожаватели на пејачката.
По убиството, Јоланда побегнала со нејзиниот автомобил, а пред да биде уапсена, се заканувала дека ќе изврши самоубиство.
Во 2012 година, нејзиниот брат откри дека Јоланда е во затвор и најчесто е во самица за нејзина безбедност.
За животот на Селена е снимен и филм со Џеј Ло во главната улога.
Андрес Ескобар
Фудбалските фанови многу добро знаат за трагичната смрт на Андрес Ескобар кој се смета за еден од најдобрите фудбалери во Колумбија.
Можеби оние кои го убиле не биле негови фанови, но случајот вреди да се спомне.
Во јуни 1994 година, Андрес играл за Колумбија во Светското првенство во фудбал.
Во натпреварот против САД, Андрес дал автогол, по што Колумбија го загубила натпреварот со резултат 1:2.
Десет дена по натпреварот, Андрес бил во Меделин каде што излегол во ресторан со неколку пријатели.
Тогаш му пришле тројца мажи кои почнале да го навредуваат и, според присутните, ситуацијата брзо ескалирала.
Одеднаш се слушнале истрели од пиштол и пријателите на фудбалерот сфатиле дека тој е застрелан. Едниот од напаѓачите дури и нагласил дека го застрелале поради автоголот.
Фудбалерот бил застрелан дури 12 пати и починал неполн час по нападот.
Напаѓачите веројатно биле фудбалски фанови кои изгубиле голема сума пари на облог за натпреварот поради автоголот на Андрес.
Мажот што го застрелал фудбалерот добил 42-годишна казна затвор, но бил ослободен само 11 години подоцна.
Спирова С. | Црнобело