Потрошил богатство на пресадување коса, поседува ресторан со Роналдо и Надал – Како Енрике Иглесијас ги троши милионите?
Во 2016-та година кралот на латино музиката ги продаде своите скапи автомобили, а собраните пари ги донираше за UNICEF, со цел да им помогне на децата во Африка.
Се верува дека од својата импресивна колекција, Енрике денес задржал само 4 автомобили, кои заедно чинат околу половина милион долари.
Познато е дека Енрике и Ана сакаат својот приватен живот да го заштитат од очите на јавноста. Така во 2017-та година додека тенисерката беше бремена со нивните близнаци, Енрике потрошил вистинско богатство за да издигне 5 метри висока ограда околу целиот имот за да се заштитат од папараци.
Исто така, парот не штедел и околу реновирањето на базенот во домот со цел да го направи побезбеден за децата.
За да може лесно да патува од концерт до концерт и да стигне навреме дома, пејачот купил свој приватен авион за кој се верува дека чини околу 3,6 милиони долари.
Енрике и Ана заедно купија куќа во Мајами за 1,5 милиони долари, која требало да ја реновираат и во неа сакале да ги сместат бабата и дедото на неговата партнерка. Но, кога куќата била завршена, парот сфатил дека куќата е премногу голема па одлучиле да ја огласат за продажба.
Во 2018-та година, парот ја продаде куќата за 4,85 милиони долари и оствари солидна заработка.
Пејачот често сака да оди на одмори и патувања со семејството, а познато е дека тој поседува и брод со којшто редовно патуваат.
Во 2022-ра година Енрике објави ретки фотки од децата како се возат во електричен автомобил за деца. Станува збор за автомобил кој е копија на Land Rover, а се продава по цена од 250 долари.
Освен за сопствениот луксуз, Енрике троши пари за да им помага и на другите.
Така тој донираше за да се изградат основни училишта во Перу, Гватемала и Ел Салвадор, секоја година доделува стипендија во износ од 200.000 долари на Универзитетот Беркли наменета за младите музичари, а во 2018-та година донираше 7 отсто од продажбата на билетите на неговата концертна турнеја за Институтот за онкологија во Лисабон, со цел да им помогне на децата заболени од рак.
Б. С. Б. | Црнобело