18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини

Џулија Робертс ѝ е тетка на Ема Робертс

Актерката Ема Робертс вели дека решила да стане актерка поради нејзината славна тетка, Џулија Робертс.

Таа е ќерка на актерот Ерик Робертс, полубратот на Џулија, но нејзиниот татко никогаш не ѝ бил позитивен пример во животот.

Џулија и Ема глумеа заедно во филмот Valentine’s Day од 2010 година.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-04.jpg

Мелани Грифит ѝ е мајка на Дакота Џонсон

Дакота Џонсон е ќерка на актерите Мелани Грифит и Дон Џонсон. Баба ѝ е актерката Типи Харден, а очув Антонио Бандерас, со кого нејзината мајка беше во брак.

Иако Мелани и Антонио одамна не се во брак, Дакота и понатаму е блиска со Антонио и го смета за свој втор татко.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-05.jpg

Хју Грант му е вујко на Томас Броди-Сангстер

Иако мајката на Томас е актерка која глумела во серии на BBC, а татко му е музичар, сепак, тој има многу познат вујко - актерот Хју Грант е прв братучед на мајка му.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-07.jpg

Тони Кертис ѝ е татко на Џејми Ли Кертис

Легендарниот холивудски актер, Тони Кертис ѝ е татко на актерката Џејми Ли Кертис.

И нејзината мајка е актерка, Џенет Ли. Родителите на Џејми не сакале таа да биде актерка, но во тоа време таа им се спротивставила, почнала да се занимава со глума, а во 2023 освои и Оскар.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-03.jpg

Бијонсе и Бјанка Лосон се полусестри

Актерката Бјанка Лосон ѝ е полусестра на Бијонсе.

Тие станаа полусестри во 2015-та, кога мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, се омажи за таткото на Бјанка.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-08.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наши, балкански и светски ѕвезди кои се родени во знакот на Девица Хрватската пејачка Јелена Розга е родена на 23-ти август, додека Бијонсе – на 4-...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Што облекоа ѕвездите на Златните Глобуси 2025? (фото) Кај актерките доминираа креации во сребрена, златна и црна боја, па розовите и ц...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Светски и регионални ѕвезди кои го слават 40-тиот роденден во 2024 година Знаевте ли дека Скарлет Јохансон, но и македонскиот пејач Адријан Гаџа во 2024-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg