Џејда Пинкет Смит и уште 8 познати личности кои признаа дека се зависници од секс
Џејда Пинкет Смит
Во епизода од нејзиното шоу Red Table Talk, Џејда се отвори за зависноста од секс.
„Кога бев помлада, дефинитивно имав некаков вид на зависност од секс. Мислев дека секој проблем може да се реши со секс. Некогаш можам да се опседнам со некои работи“.
Ламар Одом
Ламар Одом стана светски познат благодарение на бројните афери што ги имаше додека беше во брак со Клои Кардашијан.
А, сите овие неверства биле поттикнати од неговата зависност од секс.
Тој се отвори за проблемот во неговите мемоари насловени Darkness to Light:
„Опседнат сум со секс откога помнам за себе. Сакав да престанам, но не можев. Сакам да се скријам. Но ми беше тешко да го скријам тој болен грев. Имав сериозен проблем“.
Во интервју, Ламар изјави и дека зависноста од секс била причина што посегнал по дрога.
Расел Бренд
Расел Бренд, кој сега се соочува со обвиненија за силување и сексуално вознемирување, е уште еден актер кој водел битка со зависност од секс.
Тој отворено зборуваше за проблемот во неговите мемоари – My Booky Wook – каде што откри дека бил и на рехабилитација.
„Во еден период имав харем со околу 10 жени, а покрај тоа имав и секс за една ноќ со жени кои сум ги сретнал сосема случајно“.
Џејмс Франко
Уште во тинејџерските години, Џејмс Франко бил зависен од алкохол.
Подоцна пробувал да го замени алкохолот со секс, па одовде му се развила зависност од секс.
„Бев зависен од секс повеќе од 20 години, а најморничавиот дел е што целиот тој период се држев настрана од алкохол“, има изјавено актерот.
Кога сфатил дека има сериозен проблем, решил да преземе нешто.
„Пријателка ми даде книга за зависност од секс. Кога ја прочитав, ми стана јасно. Сфатив дека тоа сум јас“.
Колин Фарел
Ирскиот актер беше отворен за својата зависност од секс, а беше и на рехабилитација.
Во 2014-та, откако го надмина проблемот, изјави дека првиот секс по престојот во рехабилитација бил застрашувачки.
„Тоа беше еден од најстрашните моменти во мојот живот. Бидејќи, бев навикнат на темница, темни соби, клубови, тоалети и слично“.
Спирова С. | Црнобело