Ретка сцена: Бен Афлек и бившата Џенифер Гарнер се прегрнуваат во автомобил, актерот споделува интимен миг со неа (фото)
- Детали
- понеделник, 18 септември 2023
На неодамнешни папарацо фотки, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се прегрнуваат во автомобилот на актерот. Во еден миг, тој си ја навали и главата на нејзиното рамо, а се чини и двајцата вистински уживаа во интимниот момент.
Бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер беше далеку од совршен, но сега актерите се во навистина добри односи, најмногу поради нивните деца.
Џенифер Гарнер се чини е во добар однос и со сегашната сопруга на Бен – Џеј Ло.
Според нови папарацо фотки, пак, изгледа дека Гарнер и Бен се многу, многу блиски.
На фотките направени во саботата (16.09) актерите се во автомобилот на Бен Афлек.
Иако не се гледа добро, Page Six открива дека внатре, на совозачкото седиште, е и нивната ќерка Серафина.
Наводно, Бен отишол да ја земе Серафина од кај мајка ѝ, а Гарнер седи на задното седиште.
Пред да излезе од автомобилот, актерката се подава напред кон седиштето на Бен и изгледа како да се прегрнуваат.
Во еден миг, Бен ја навали и главата на нејзиното рамо.
На фотките и двајцата изгледаат навистина среќно, а откако излезе од автомобилот, Гарнер имаше широка насмевка на лицето.
Од Page Six ги контактирале актерите за интимниот момент, но не добиле одговор.
За потсетување, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се венчаа во 2005 година. Тие најавија дека се разделуваат кратко откако ја прославија годишнината, а го финализираа разводот во 2018 година.
Заедно имаат три деца за кои се грижат заедно.
Додека Бен е веќе цела година во брак со Џеј Ло, Џенифер Гарнер е во врска со бизнисменот Џон Милер од 2018 година.
Спирова С. | Црнобело