Метју Меконахи го прегрнува Новак Ѓоковиќ, Кајли Џенер страсно го бакнува новиот дечко - Познати личности кои беа на трибините на US Open
- Детали
- понеделник, 11 септември 2023
Кајли Џенер и Тимоти Шаламе не ги одлепуваа рацете еден од друг, Метју Меконахи ја имаше честа да навива заедно со семејството на Новак Ѓоковиќ, а Леонардо ди Каприо се трудеше да се „стопи“ со околината. Кои познати личности навиваа на трибините на US Open?
Тенискиот турнир US Open беше место каде се собраа најдобрите тенисери во светот, за да ги одмерат силите, а на трибините се собраа голем број познати личности кои ги следеа натпреварите.
Новак Ѓоковиќ го освои 24-иот Гренд слем и стана најдобар тенисер во светот, а голем број познати личности имаа можност да го проследат мигот кога српскиот тенисер се запиша во историјата.
Со победата од 3:0, Ѓоковиќ повторно стана светски рекет број еден и се врати на врвот на АТП листата.
Мечот помеѓу Данил Медведев и Новак Ѓоковиќ беше настанот што славните не можеа да го пропуштат, а голем број од нив беа „уловени“ од камерите додека навиваа за својот фаворит.
Сопругата на Новак, Јелена, повторно направи моден погодок, и на трибините се појави во елегантен фустан.
Најмногу внимание се чини дека привлекоа Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, новопечениот пар кој за време на целиот натпревар разменуваше нежности.
Парот за настанот беше модно усогласен во црно нeформално издание, а интересно е што на трибините беше и поранешниот партнер на Кајли Џенер, со кого таа доби две деца, Тревис Скот.