Се заљубил во жена без нозе: Приказната на холивудски пар што ја враќа вербата во вистинската љубов
- Детали
- сабота, 09 септември 2023
Љубовната приказна на холивудскиот актер Руперт Френд и неговата сопруга Ејми Малинс ja враќа вербата во љубовта и за неа може да се сними филм. На Ејми ѝ се ампутирани двете нозе, но ова не ја спречило да стане успешна спортистка, а подоцна и актерка и модел. Со сопругот Руперт, пак, се во брак од 2016-та и важат за еден од најсреќните парови во шоу-бизнисот.
Често од мажите слушаме дека физичкиот изглед воопшто не им е важен кога вистински ќе се заљубат, но ретко им веруваме.
Сомнежите за вистинитоста на таа реченица ги отфрли Руперт и уште еднаш ни докажа дека заљубеното срце воопшто не го гледа она што многумина веднаш би го сфатиле како сериозна мана.
Иако американската спортистка Ејми Малинс на прв поглед изгледа како и секоја друга личност, нејзиниот живот воопшто не е лесен, бидејќи е родена без фибула, коска во потколеницата, поради што ѝ биле ампутирани двете нозе кога имала само една година.
Нејзиниот доктор им кажал на нејзините родители дека нивната ќерка никогаш нема да оди или да живее самостојно.
Но, се излажал. Не само што прооде, туку стана и успешна спортистка.
„Поради тебе испаѓам лажго“, на шега ѝ рекол истиот доктор на Ејми, кога се сретнале пред неколку години.
Ејми почнала да трча во младоста и благодарение на тоа добила целосна стипендија на Универзитетот Џорџтаун, а во 1996 година се натпреварувала на Параолимписките игри во Атланта.
Професионалната спортска кариера ја завршила во 1998 година и започнала нова - манекенство.
Нејзината убавина го воодушеви и дизајнерот Александар Меквин. Модниот гениј сакаше да испраќа специфични модели на пистата и ја шокираше публиката кога Ејми се појави на неговата модна ревија за модната куќа Givenchy, движејќи се со резбани дрвени протези направени специјално за таа пригода.
На режисерите не им требаше долго време за да ја забележат. Ејми го сними својот прв филм „Cremaster 3“ во 2002 година и играше шест различни ликови во него.
На крајот, нејзината актерска кариера ја зближила со Руперт.
Во мај 2013 година, тие договориле средба поврзана со идниот филмски проект на Руперт и се сретнале во 18 часот во мала кафетерија во Њујорк.
„Во еден момент ни пријде келнерот и рече: 'Извинете, но ќе морам да ве замолам да заминете'. Го погледнавме и прашавме: 'Зошто?' Тој одговори: 'Затоа што веќе е 4:30 наутро, а требаше да затвориме пред еден час'.
Немавме поим дека помина толку време. Цела вечер не бевме свесни за ништо околу нас. Тоа беше прекрасен возбудлив разговор помеѓу два интензивно љубопитни умови на многу различни теми.
Не се ни сеќавам дека воопшто помислив дека е сладок. Меѓутоа, следниот ден ми испрати неколку пораки и инсистираше да се видиме што поскоро и договоривме вечера. Шетавме низ соседството барајќи места кои сѐ уште не беа затворени. Не сакавме да се одвоиме еден од друг. И така е секој ден од 1 мај 2013 година“, изјави Ејми.