Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на тинејџерките во 90-тите
- Детали
- недела, 27 август 2023
„Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој умира. Ве молам“, вели актерот Хоакин Феникс во паничниот повик до брзата помош. Подоцна аудиото од повикот каде е исплашен за животот на својот брат Ривер Феникс почна да се споделува на интернет. Се сеќавате ли на актерот кој загина трагично на само 23 години? Пораснал во култот „Божји деца“ - секта која поттикнува сексуални односи помеѓу возрасните и децата, како и групен секс и инцест.
Ривер Феникс, актерот кој трагично го загуби животот на само 23 години и беше еден од најголемите ѕвезди во 1990-тите, и 30 години по неговата смрт го привлекува вниманието на светската јавност.
Фановите не го забораваат миленикот од тинејџерските денови, па на неговиот роденден или годишнината од смртта објавуваат фотки и видеа од починатиот актер.
Ривер Феникс е брат на оскаровецот Хоакин Феникс. Токму Јоаким беше со него во последните моменти од животот, го држеше во рацете кога почина од предозирање пред клубот Viper Room, кој во тоа време беше во сопственост на Џони Деп.
Подоцна, аутопсијата потврди дека Ривер починал од предозирање, откако измешал кокаин и хероин.
Во тоа време со него бил неговиот помлад брат, Хоакин Феникс, кој повикал брза помош, но и нивната сестра Рејн и девојката на Ривер, актерката Саманта Матис.
„Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој умира. Ве молам“, вели Хоакин во паника кога се јавува во брзата помош. Подоцна аудиото од неговиот повик каде е исплашен за животот на својот брат почна да се споделува на интернет.
И покрај тоа, Ривер почина на неговите раце, пред очите на сестра му и девојката, но и многу гости во клубот. Хоакин потоа се повлече од актерскиот свет и долго време не снимаше филмови.
„Блиску сум до тоа да ја прифатам смртта на Ривер. Нема да кажам дека ја разбирам бидејќи тоа е нешто што никогаш нема да можам да го разберам. Можам само да ја прифатам неговата смрт“, изјави еднаш Хоакин, кој не зборува често за загубата на својот брат.
Но, во негова чест, тој својот прв син, кој го доби со актерката Руни Мара, го крсти Ривер.
И тогашната девојка на актерот, Саманта Матис, не зборуваше јавно за неговата прерана смрт.
Таа само еднаш проговори за кобната ноќ.
„Имав неописливо чувство дека нешто не е во ред, дека нешто ќе се случи. Не видов никој како се дрогира, но тој беше премногу издрогиран, па на некој неопислив начин ме натера да не се чувствувам непријатно“, изјави таа и додаде дека сакала да го напушти клубот, за разлика од Ривер кој сакал да остане.
„Знаев дека е дрогиран, но фаталниот хероин го зеде дури откако влезе во Viper Room. Имам некои сомнежи што точно се случи, но ништо не видов“.
Саманта раскажала и дека таа отишла во тоалетот, а кога излегла видела како некој што личи на Ривера се тепа со некого, па обезбедувањето ги исфрлило на улица.
Само 45 минути откако влегле во клубот, срцето на Ривер престанало да чука.