Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на тинејџерките во 90-тите

„Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој умира. Ве молам“, вели актерот Хоакин Феникс во паничниот повик до брзата помош. Подоцна аудиото од повикот каде е исплашен за животот на својот брат Ривер Феникс почна да се споделува на интернет. Се сеќавате ли на актерот кој загина трагично на само 23 години? Пораснал во култот „Божји деца“ - секта која поттикнува сексуални односи помеѓу возрасните и децата, како и групен секс и инцест.

mu-pochina-vo-race-na-joakim-feniks-otkako-se-srushi-pred-nokjen-klub-koj-beshe-river-feniks-23-milenikot-na-tinejdjerkite-vo-1990-tite-01.jpg

Ривер Феникс, актерот кој трагично го загуби животот на само 23 години и беше еден од најголемите ѕвезди во 1990-тите, и 30 години по неговата смрт го привлекува вниманието на светската јавност.

Фановите не го забораваат миленикот од тинејџерските денови, па на неговиот роденден или годишнината од смртта објавуваат фотки и видеа од починатиот актер.

mu-pochina-vo-race-na-joakim-feniks-otkako-se-srushi-pred-nokjen-klub-koj-beshe-river-feniks-23-milenikot-na-tinejdjerkite-vo-1990-tite-12.jpg

Ривер Феникс е брат на оскаровецот Хоакин Феникс. Токму Јоаким беше со него во последните моменти од животот, го држеше во рацете кога почина од предозирање пред клубот Viper Room, кој во тоа време беше во сопственост на Џони Деп.

Подоцна, аутопсијата потврди дека Ривер починал од предозирање, откако измешал кокаин и хероин.

mu-pochina-vo-race-na-joakim-feniks-otkako-se-srushi-pred-nokjen-klub-koj-beshe-river-feniks-23-milenikot-na-tinejdjerkite-vo-1990-tite-11.jpg

Во тоа време со него бил неговиот помлад брат, Хоакин Феникс, кој повикал брза помош, но и нивната сестра Рејн и девојката на Ривер, актерката Саманта Матис.

„Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој умира. Ве молам“, вели Хоакин во паника кога се јавува во брзата помош. Подоцна аудиото од неговиот повик каде е исплашен за животот на својот брат почна да се споделува на интернет.

И покрај тоа, Ривер почина на неговите раце, пред очите на сестра му и девојката, но и многу гости во клубот. Хоакин потоа се повлече од актерскиот свет и долго време не снимаше филмови.

„Блиску сум до тоа да ја прифатам смртта на Ривер. Нема да кажам дека ја разбирам бидејќи тоа е нешто што никогаш нема да можам да го разберам. Можам само да ја прифатам неговата смрт“, изјави еднаш Хоакин, кој не зборува често за загубата на својот брат.

mu-pochina-vo-race-na-joakim-feniks-otkako-se-srushi-pred-nokjen-klub-koj-beshe-river-feniks-23-milenikot-na-tinejdjerkite-vo-1990-tite-08.jpg

Но, во негова чест, тој својот прв син, кој го доби со актерката Руни Мара, го крсти Ривер.

И тогашната девојка на актерот, Саманта Матис, не зборуваше јавно за неговата прерана смрт.

mu-pochina-vo-race-na-joakim-feniks-otkako-se-srushi-pred-nokjen-klub-koj-beshe-river-feniks-23-milenikot-na-tinejdjerkite-vo-1990-tite-22_copy.jpg

Таа само еднаш проговори за кобната ноќ.

„Имав неописливо чувство дека нешто не е во ред, дека нешто ќе се случи. Не видов никој како се дрогира, но тој беше премногу издрогиран, па на некој неопислив начин ме натера да не се чувствувам непријатно“, изјави таа и додаде дека сакала да го напушти клубот, за разлика од Ривер кој сакал да остане.

mu-pochina-vo-race-na-joakim-feniks-otkako-se-srushi-pred-nokjen-klub-koj-beshe-river-feniks-23-milenikot-na-tinejdjerkite-vo-1990-tite-04.jpg

„Знаев дека е дрогиран, но фаталниот хероин го зеде дури откако влезе во Viper Room. Имам некои сомнежи што точно се случи, но ништо не видов“.

Саманта раскажала и дека таа отишла во тоалетот, а кога излегла видела како некој што личи на Ривера се тепа со некого, па обезбедувањето ги исфрлило на улица.

mu-pochina-vo-race-na-joakim-feniks-otkako-se-srushi-pred-nokjen-klub-koj-beshe-river-feniks-23-milenikot-na-tinejdjerkite-vo-1990-tite-13.jpg

Само 45 минути откако влегле во клубот, срцето на Ривер престанало да чука.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg