Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои)
Кетрин Зита-Џонс
Кетрин и Мајкл Даглас имаат две деца, а актерот има и син од претходна врска.
Кетрин е многу блиска со синот на актерот и двајцата редовно објавуваат фотки на Инстаграм со кои покажуваат колку се поддржуваат еден со друг.
Џејда Пинкет Смит
Покрај Џејден и Вилоу кои ги доби со Џејда, Вил Смит има уште еден син кој го одби од првиот брак.
Џејда уште на почетокот изградила добар однос со него.
„Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа научив и дека ако го сакам него, ќе морам да научам да ја сакам и најважната личност во неговиот живот – мајка му“.
Жизел Бундшен
Иако сега се разделени, Жизел Бундшен го гледаше синот на Том Брејди како нејзин.
Таа и Том Брејди имаат и две нивни деца.
„Не ми се допаѓа зборот маќеа. Јас велам ’бонус мајка‘ бидејќи ова е благослов за мене. Пресреќна сум што имам уште еден прекрасен ангел во мојот живот“.
Кејт Босворт
Иако Кејт Босворт настојува да ги крие приватниот живот од јавноста, таа до денес зборува за Џаспер, ќерката на поранешниот сопруг.
„Мислам дека улогата на маќеа е навистина возбудлива. Свесна сум за митот за ’лошата маќеа‘ и си реков дека ќе го разбијам. Мојата врска со Џаспер е блиска, топла и полна со љубов“.
Спирова С. | Црнобело