Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои)
- Детали
- понеделник, 28 август 2023
„Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа научив и дека ако го сакам него, ќе морам да научам да ја сакам и најважната личност во неговиот живот – мајка му“, изјави Џејда Пинкет Смит за синот кој Вил Смит го доби со првата сопруга.
Разводите во светот на славните се доста честа појава, па неретко познатите жени покрај што имаат свои деца, се и маќеи. А, секоја од нив ги сака и овие деца како нејзини.
Кои познати жени се одлични маќеи?
Салма Хајек
Салма Хајек и нејзиниот сопруг – милијардерот Франсоа – имаат ќерка, но бизнисменот има и три деца од претходен брак.
Салма е навистина блиска со децата на милијардерот, а тие беа и почесни гости кога парот ги обновуваше брачните завети.
„Навистина сум среќна што Франсоа има три деца, бидејќи сега имаме семејство со четири деца!“, изјави актерката во една пригода.
Џенифер Лопез
Џеј Ло има деца од бракот со Марк Ентони, а по венчавката со Бен Афлек ги прифати и неговите деца како свои.
Бен Афлек има три деца со бившата Џенифер Гарнер, кои редовно им прават друштво на актерот и пејачката, без разлика каде одат.
Ева Лонгорија
Ева Лонгорија и сопругот Хосе Бастон се во брак од 2016 година. Заедно имаат едно дете, а Хосе има уште три деца од претходна врска.
Кога Ева остана бремена, изјави:
„Со Хосе веќе имаме три деца, па ова не е ништо ново за нас“, нагласувајќи дека ги сака како нејзини.