„На децата во лето треба да им е здодевно, за да сакаат да учат“ – Какви родители се Ева Мендез и Рајан Гослинг?

Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде посветена мајка на двете ќерки, а нивните фотки вели дека ќе ги објави тогаш кога тие ќе бидат доволно возрасни за да дадат согласност. Какви родители се Рајан Гослинг и Ева Мендез и до кои строги правила се придржуваат во воспитувањето на децата?

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-01.jpg

Рајан Гослинг (42) и Ева Мендез (49) важат за најтаинствениот пар во Холивуд кој не сака премногу да зборува во јавност за својот приватен живот.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-03.jpg

Тие двајца се запознаа во 2011-та година за време на снимањето на филмот The Place Beyond the Pines, каде играа брачен пар со мало дете.

Но, хемијата што ја имаа за време на снимањето резултираше со тоа да започнат врска, па парот живее во складна заедница веќе 12 години.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-02.jpg

Во 2014-та година тие ја добија ќерката Есмералда, а во 2016-та ќерката Амада. Тие ретко зборуваат за заедничкиот живот, но се знае дека се мошне посветени родители, кои имаат стриктни правила до кои се придржуваат во воспитувањето на ќерките.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-09.jpg

Ева во една пригода откри дека се чувствува гордо затоа што ја паузирала кариерата и во целост им се посветила на ќерките Есмералда (9) и Амада (7).

„Мајка ми беше во можност да биде тука за мене и беше дома сѐ додека јас не наполнив 8 или 9 години и тие спомени ме формираа како личност. Се чувствувам среќно што можам да го поминувам времето со нив“ – рече таа.

Следуваат неколку важни правила до кои Ева и Рајан се придржуваат кога ги воспитуваат децата:

Не постои машка и женска работа

Во едно интервју Ева зборуваше за начинот на кој ги воспитуваат децата.

„Се надевам дека успеваме да им покажеме на моите ќерки дека не постојат улоги за секој пол и дека ќе сфатат дека ние сме партнери во сѐ, не само Рајан и јас, туку и децата заедно со нас“ – рече Ева.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-04.jpg

На Рајан му е најважно да биде татко, пред сѐ!

Познато е дека Ева Мендез ја жртвуваше својата кариера за да биде со децата и семејството, но факт е дека и Рајан донел некои одлуки во кариерата кои му овозможиле да биде повеќе вклучен во животот на ќерките.

„Јас пред сѐ сум татко, и делумно одлуката да играм во филмот The Gray Man ја донесов затоа што имав можност да патуваме како семејство и да бидам со моите деца“ – рече тој во едно интервју.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-05.jpg

Немаат дадилки

За разлика од голем број други познати парови, Ева и Рајан не сакаат да имаат дадилки кои ќе се грижат за нивните деца.

Ова особено тешко им паднало во периодот на пандемијата, кога сите биле затворени дома, без никаква помош од вработени лица.

na-decata-vo-leto-treba-da-im-e-zdodevno-za-da-sakaat-da-uchat-kakvi-roditeli-se-eva-mendez-i-rajan-gosling-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg