Неколкупати пробала да се самоубие, си го мразела синот: Детали за бурната младост на Брижит Бардо
- Детали
- недела, 23 јули 2023
Татко ѝ ја камшикувал, добивала смртни закани поради улогите, а пробала да се самоубие на 26-тиот роденден – иако уживала во светска слава, младоста на Брижит Бардо била далеку од мирна и совршена.
Иако денес не е активна, Брижит Бардо е една од најпознатите актерки во светот.
Се прослави благодарение на улогите кои своевремено беа контроверзни и експлицитни, а токму поради нив се соочи и со многу критики.
Младоста на Брижит била исполнета со трагедии и скандали, од кои дел ја прогонувале со години.
Неколку факти за бурната младост на познатата актерка:
Имала богати, но строги родители
Таткото на Брижит Бардо бил богат инженер од Париз, додека нејзината мајка наследила огромно богатство од своето семејство. Сепак, ова не значи дека била среќна.
Родителите на Брижит биле конзервативни католици, па таа и сестра ѝ уште од најрана возраст следеле безброј правила.
Мајка им не им дозволувала да имаат пријатели и биле целосно изолирани од нивните врсници.
Татко им, пак, имал проблеми со темпераментот и честопати ги тепал.
Според некои извори, еднаш толку многу се разгневил бидејќи скршиле вазна во домот, што дури ги камшикувал.
Мајка ѝ ја терала да стане балерина
Бидејќи голем дел од времето минувала сама дома, омилената активност на Брижит била да танцува.
Кога мајка ѝ забележала дека има талент за танцување, ја терала да оди на часови. Наводно, таа сонувала Брижит да стане професионална балерина.
А, токму часовите во престижно француско училиште ѝ го поплочиле патот до славата.
Кариерата ја почнала во тинејџерските години
Кога имала 15 години, Брижит била забележана од вработен во магазинот Elle, а набрзо потоа се нашла и на насловната страница.
По ова, Брижит била забележана и од филмските продуценти, па добила и понуда за аудиција.
Сепак, нејзините родители биле згрозени од помислата Брижит да стане филмска ѕвезда и аудицијата била неуспешна.
Но, во целата ситуација, Брижит го сретнала Роџер Вадим кој ѝ станал дечко, а подоцна и сопруг.
Родителите не ја оправдувале врската
На аудицијата за филмот Брижит го запознала сценаристот Роџер Вадим со кого почнала врска.
Нејзините родители биле против врската, но токму ова ја мотивирало Брижит да продолжи да се гледа со него.
Со надеж дека ќе ги раздели, татко ѝ ѝ рекол дека ќе ја испрати во Англија за да го продолжи образованието.
Пробала да се самоубие
Кога дознала дека ќе мора да оди во Англија и ќе биде разделена од саканиот, Брижит пробала да се самоубие.
Имено, си ја пикнала главата во вклучена рерна.
За среќа, нејзините родители ја забележале навреме и ја спречиле трагедијата, а притоа сфатиле дека ќе мора да се помират со врската.
Сепак, ѝ поставиле еден услов – да не се венча со него додека не наполни 18 години.
Роџер Вадим сакал да ја направи ѕвезда
Сценаристот имал за цел да направи ѕвезда од Брижит, па правел сè во негова моќ за да го насочи вниманието кон неа.
На пример, честопати ја носел на настани и се трудел Брижит да ја има на сите фотографии.
Почнал да ја спомнува и кај други сценаристи и режисери, да ги фали нејзините таленти, за да почне да добива улоги.
Станала ѕвезда уште пред да наполни 18
Напорите на Роџер се исплатиле, па Брижит добила мала улога во 1952 година.
Набрзо потоа добила и поголема улога во друг филм, каде што речиси постојано е во бикини, а има и една гола сцена. Ова било доволно за Брижит да стане новата холивудска ѕвезда.
Сето ова се случило пред да го прослави 18-тиот роденден.