Неколкупати пробала да се самоубие, си го мразела синот: Детали за бурната младост на Брижит Бардо
Се венчала со Роџер, но бракот бил ужасен
Веднаш откако наполнила 18 години, Брижит се венчала со сценаристот. Но, бајката не траела долго.
Роџер постојано ја контролирал и продолжувал да ја турка во филмската индустрија.
Тој се погрижил и да ја добие улога во тогаш контроверзниот филм And God Created Woman во кој иако нема многу секс сцени, сепак често се алудира на секс.
Во 1950-тите, ова било премногу експлицитно за голем дел од јавноста. Но, ова ја направило уште поголема ѕвезда.
Во меѓувреме, бракот со Роџер почнал да се движи во погрешна насока.
Желна за поголема слобода, Брижит без двоумење го изневерила и го оставила за друг маж.
Имала многу љубовници
По разделбата со сопругот, Брижит започнала врска со оженет маж.
Тој бил и воено лице, па се гледале многу ретко, по што Брижит си нашла друг љубовник – музичарот Гилберт Бекод.
На крај, сепак раскинала со оженетиот маж, но тешко се справила со разделбата.
По раскинувањето, Брижит доживеала нервен слом и според некои гласини пробала да се самоубие со лекови.
Во меѓувреме, сè потешко се справувала со славата, особено оние кои ги критикувале нејзините „неморални филмови“.
На 24 години остана бремена
Среде најлошиот период од животот, Брижит го запознала актерот Жак Шариер и почнала врска со него.
За разлика од останатите нејзини љубовници, татко ѝ се чинело дека го сака актерот.
На 24 години Брижит останал бремена, но тогаш воопшто не сакала да биде мајка. Сепак, Жак ја молел да го роди детето и ја побарал за жена.
Според самата Брижит, папараците ѝ ја уништиле свадбата бидејќи без дозвола влегле кај матичарот со нив.
Дури и од фотките се гледа дека Брижит изгледа мизерно на венчавката.
Мразела што е мајка
По свадбата, Брижит морала да се грижи за дете кое не го засакала.
Кога ѝ се родил синот Никола, се чувствувала изгубено, а во меѓувреме се ширеле секакви гласини за неа дека е ужасна мајка.
Покрај тоа, бракот со Жак почнал да се влошува кратко по свадбата. На крај, парот се развел и Жак добил целосно старателство над синот.
Но, иако мислела дека е слободна, поради скандалите, јавноста уште повеќе се заинтересирала за неа.
Па, Брижит не можела да излезе од дома без да ја следат група фанови или папараци.
Добивала смртни закани
Поради улогите, многу луѓе ја мразеле Брижит и честопати добивала и смртни закани.
Еднаш актерката дури и била заглавена во лифт со жена којашто ја мразела. Наводно, жената почнала да ја навредува и да ја нарекува промискуитетна.
По овој инцидент, Брижит почнала сериозно да се грижи за нејзината безбедност.
Уште еден обид за самоубиство
На 26-тиот роденден, Брижит Бардо била најдена во нејзиниот дом без свест – се предозирала со лекови и си ги пресекла вените на зглобовите.
Актерката веднаш била однесена во болница и за среќа преживеала, но добила дијагноза за депресија.
До денес важи за највлијателната жена од забавната индустрија
Низ годините, Брижит Бардо се соочи и со други трагедии како пропаднати бракови, предозирање со лекови, па и битка со рак.
Таа стана и активист за првата на животните, а има дадено и неколку контроверзни изјави во кои ги напаѓа муслиманите и католиците.
Последно, 88-годишната актерка беше итно однесена во болница поради проблеми со дишењето.
Според нејзиниот сопруг – Бернард – во среда (19.07) Брижит почнала да дише забрзано, но не изгубила свест.
Била повикана брза помош и наводно сега се чувствува добро.
Спирова С. | Црнобело