Наталија Ореиро 25 години по снимањето на „Дивиот ангел“ - има 19 години постар сопруг, страда од мизофонија

Актерката има три државјанства - уругвајско, аргентинско и руско.

Наталија во 2001 година првпат отиде во Русија.

Воодушевена од земјата, таа почна да ја посетува секоја година.

Две децении подоцна, во 2020 година таа аплицираше за руско државјанство, а претседателот Владимир Путин ѝ го одобри во 2021. 

kade-e-natalija-oreiro-25-godini-po-snimanjeto-na-diviot-angel-putin-i-dade-rusko-drzhavjanstvo-strada-od-mizofonija-04.jpg

Руско државјанство доби и нејзиниот син.

View this post on Instagram

A post shared by Natalia Oreiro|Наталия Орейро (@nataliaoreirosoy)

Актерката, која научи и руски јазик, сега живее на релација Буенос Аирес - Москва, и во двете земји снима филмови и серии.

Ореиро е амбасадор на УНИЦЕФ.

Наталија страда од мизофонија.

Ова е состојба што предизвикува силни емоции и реакции на одредени звуци.

Мизофонијата може да предизвика чувство на беспомошност и заробување кога луѓето не можат да избегаат од непријатниот звук.

Вообичаените активирачки звуци вклучуваат бучно џвакање храна, отчукување на часовникот, тешко дишење, кликнување со пенкало, вода која капе, шушкање хартија или пластика.

Ова, кај лицето што страдаат од мизофонија, може да предизвика чувства како што се анксиозност, лутина, паника или забрзан пулс.

Во 2021 година ја глумеше Ева Перон во серијата Santa Evita.

Актерката откри дека оваа улога ја чекала скоро десет години.

Повеќе фотографии од Наталија Ореиро на следната страница...


Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести Кралските семејства секогаш биле фасцинантни за јавноста - нивниот животен стил,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg