Наталија Ореиро 25 години по снимањето на „Дивиот ангел“ - има 19 години постар сопруг, страда од мизофонија
- Детали
- недела, 02 јули 2023
Се сеќавате ли на Наталија Ореиро, црвенокосата девојка која пленеше со широката насмевка и очи како на срна во серијата „Дивиот ангел“? Денес актерката има 46 години, но како да не старее, иако серијата се снимаше далечната 1998 година.
Уругвајската актерка, Наталија Ореиро, која се прослави со улогата на Милагрос во теленовелата „Дивиот ангел“, на 46 години изгледа совршено. Како времето да застанало за оваа црвенокоса дама, а таа не старее.
Наталија и денес хипнотизира со нејзината насмевка и погледот, а има тело како тинејџерка, иако поминаа 25 години од снимањето на серијата.
Убавата Наталија стекна светска слава во 1998 година, кога ја доби главната улога во теленовелата „Дивиот ангел“ (Muneca Brava). Серијата се прикажуваше во 80 земји, а таа глумеше заедно со Факундо Арана.
Наталија имаше само 21 година и преку ноќ стана популарна на сите континенти.
За серијата ја сними и песната Cambio Dolor, која и денес е една од најбараните на караоке-забавите во баровите ширум Јужна Америка, но и во Русија.
Поради популарноста на серијата, актерката почна да патува низ светот, да снима реклами, модни едиторијали, беше судија во музички шоуа.
Што знаеме за Наталија Ореиро?
Родена е на 19 мај 1977 година во Монтевидео, Уругвај.
На 16 години се пресели во Аргентина, каде што почна да добива помали улоги во теленовели.
Светска слава стекна откако ја глумеше Милагрос во „Дивиот ангел“.
Покрај тоа што е актерка, Наталија и пее, па досега снимила 4 студиски албуми.
Актерката е вегетаријанец и тврди дека нејзината вита става е резултат на вегетаријанската исхрана, но и на редовното вежбање.
Наталија од 2001 година е во брак со аргентинскиот пејач, Рикардо Моло.
Музичарот е 19 години постар од неа и зад себе има еден брак.
Парот во 2012 година доби син, кој се вика Мерлин.