Дечко му почина од СИДА, на телевизија кажа дека е хомосексуалец – Факти за Џорџ Мајкл, една од најголемите музички ѕвезди
- Детали
- сабота, 24 јуни 2023
Кон крајот од животот, Џорџ Мајкл имаше сериозни проблеми со зависност кои беа причина и за неговата смрт. Сепак, и покрај бурниот приватен живот, пејачот има собрано огромни суми за истражувања за ХИВ и СИДА и беше еден од најгласните говорници за правата на припадниците на ЛГБТ заедницата.
Џорџ Мајкл важи за еден од најпознатите музичари во светот. Кариерата ја започна со бендот Wham! чии хитови Last Christmas и Wake Me Up Before You Go-Go си ги потпевнуваме до денес.
Потоа продолжи со соло кариера, а до неговата смрт во 2016-та продаде над 100 милиони албуми ширум светот, освои две Греми статуетки и бројни други престижни награди вклучувајќи Brit Awards, Billboard Music Awards и MTV Video Music Awards.
Џорџ беше и една од првите ѕвезди која отворено зборуваше за својата сексуалност – тој изјави дека е хомосексуалец уште во 1990-тите.
Џорџ беше и активист за правата на ЛГБТ заедницата, и гласно говореше за ХИВ/СИДА.
Но, проблемите со зависност му донесоа лош публицитет пред крајот на животот, а беа причина и за неговата прерана смрт на само 53 години.
Неколку факти за животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња:
Џорџ Мајкл, чие вистинско име е Георгиос, е роден на 25 јуни 1963 година во Англија.
Неговиот татко потекнува од Кипар и се преселил во Англија во 1950-тите. Мајка му, Англичанка, била танчарка.
Пејачот го формира дуото Wham! во 1981 година со Ендру Риџли. Тој период си го промени името во Џорџ Мајкл.
Во втората половина на 1980-тите, Џорџ ја започна соло кариерата и благодарение на популарноста што ја стекна со бендот, мошне брзо се проби на музичката сцена.
Своевремено, Џорџ беше една од ретките познати личности кои отворено зборуваат за својата сексуалност.
Во 1998 година, на телевизиска емисија, пејачот откри дека е хомосексуалец и изјави:
„Не чувствувам никаков срам“.
Во подоцнежни интервјуа, тој откриваше и детали од љубовниот живот што дотогаш не ѝ беа познати на јавноста.
Во 1992 година, тој почнал врска со дизајнерот Анселмо Фелепа. Но, шест месеци подоцна дизајнерот бил дијагностициран со ХИВ.
„Тоа беа страшни новости. Помислив дека и јас сум заразен. Не можев да му кажам на семејството бидејќи не знаев како – тие уште не знаеја дека сум хомосексуалец“, откри пејачот во 2004-та.
Дизајнерот ѝ подлегна на болеста и почина во 1993 година.
Во 2012 година, Џорџ почна врска со Фади Фаваз – познат фризер и фотограф. Токму Фади го најде неговото тело кога почина во 2016-та.