Светски ѕвезди кои не веруваат во брак и никогаш не се венчале
Кајли Миног
Австралиската ѕвезда никогаш не се омажи, иако беше свршена со пејачот на INXS Мајкл Хаченс и со францускиот актер Оливие Мартинез.
Винона Рајдер
Актерката во ’90-тите години беше свршена со Џони Деп, но раскинаа пред да се венчаат. Винона имаше долга врска и со актерот Мет Дејмон и пејачот Дејв Пирнер од групата Soul Asylum.
Ал Пачино
Актерот кој има три деца и на 83 години ќе го добие четвртото дете, никогаш не стапил во брак.
Дајен Китон
Актерката била во врска со неколку познати мажи, но никогаш не се венчала. Таа имаше врски со Вуди Ален, Ворен Бити и Ал Пачино.
Мариса Томеи
Оскаровката, која беше во врска со Лени Кравиц, Кристијан Слејтер и Роберт Дауни Јуниор, никогаш не се омажи. Беше свршена со Логан Маршал Грин.
А. Ј. | Црнобело