Светски ѕвезди кои не веруваат во брак и никогаш не се венчале
- Детали
- петок, 09 јуни 2023
Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Рајан Гослинг, Ал Пачино и Кајли Миног се само дел од светските ѕвезди кои никогаш не се венчале.
Браковите на светските ѕвезди често завршуваат со разводи, па дел од нив решиле никогаш да не се венчаат.
Едни велат дека не веруваат во брак, а други дека никогаш не ја нашле својата сродна душа иако сакале да се венчаат.
Има и такви кои се со децении со еден партнер, а сепак не сакаат да се врзат со „парче хартија“.
Кои светски ѕвезди никогаш не стапиле во брак?
Рајан Гослинг и Ева Мендез
Иако се во врска од 2011 година и имаат две деца, Рајан и Ева никогаш не се венчаа. Тие не биле во брак ни со некој од нивните претходни партнери.
Леонардо ди Каприо
Најголемиот заводник во Холивуд и вечен ерген, Леонардо ди Каприо, не верува во брак. Зад себе има многу врски со познати модели, а познат е по тоа што ги остава кога ќе наполнат 25 години.
Мери-Луиз Паркер
Актерката во 2004 година го доби синот со Били Крудап, со кого беше долго во врска, а потоа во 2007 година сама посвои ќерка. Имаше љубовна врска и со актерот Џефри Дин Морган, но никогаш не се омажи.
Џон Кузак
Актерот беше во врска со актерките Мини Драјвер, Нив Кемпбел и Лили Тејлор, но не се ожени со ниедна од нив.
Опра Винфри
Најпознатата светска водителка преку 25 години е во врска со Стедман Греам, но тие никогаш не стапија во брак.