Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената која тајно оди на неговиот гроб?
- Детали
- недела, 11 јуни 2023
На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петровиќ од аеродромот во Франкфурт и тргнале кон Минхен. Манекенката возела со брзина од 160km/h, кога удрила во камионот на патот - од јачината на ударот Петровиќ излетал низ стаклото на автомобилот, удрил во резервоарот на камионот и починал на лице место.
Еден од најголемите кошаркари во некогашна Југославија, но и во светот, Дражен Петровиќ, почина пред 30 години, на 7 јуни 1993.
Кошаркарскиот Моцарт, како што го нарекуваа медиумите, загина во сообраќајна несреќа во близина на Инголштад во Германија, кога „голфот“ во кој тој беше совозач, удри во камион со брзина од 160km/h.
Црвениот „голф“ го возеше девојката на Дражен, манекенката Клара Саланци, која ја преживеа несреќата.
Со нив беше и турската кошаркарка Хилал Едебал, која седела позади.
По 8 недели поминати во кома, таа се разбуди, но повредите на мозокот ѝ предизвикаа амнезија и „дупка“ во сеќавањето.
Три децении по несреќата, семејството на кошаркарот, но и многу негови фанови, тврдат дека германска манекенка со унгарско потекло е виновна за смртта на најголемиот кошаркар во историјата.
Што знаеме за Клара, која му беше девојка на Дражен, а го одведе во смрт?
Клара е родена на 31 март 1970 година во Минхен.
Покрај тоа што работеше како манекенка, таа играше и кошарка.
Преку спортот се запознала со Дражен.
На денот на страшната несреќа, Клара го зела Дражен од аеродромот во Франкфурт и заедно со турската кошаркарка Хилал Едебал заминале кон Минхен.
Со брзина од 160km/h, Клара удрила во камионот што бил заглавен на патот во две ленти, иако многу возила пред неа успеале да го заобиколат возејќи во третата лента.
„Таа возела пребрзо иако времето било врнежливо. Се преценила, не била подготвена да реагира навреме и да го заобиколи камионот.
Дражен од силниот удар излетал низ шофершајбната, удрил во резервоарот на камионот и починал на лице место“, пишуваа во тоа време медиумите.