„Немам убаво тело, не сакам да се гледам во огледало“: Меган Фокс искрена за борбата со телесна дисморфија
- Детали
- вторник, 16 мај 2023
„Имам телесна дисморфија. Никогаш не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите луѓе. Не се чувствувам самоуверена кога се гледам во огледало. И никогаш немаше фаза во мојот живот кога го сакав моето тело“ - вели актерката Меган Фокс во интервју во кое искрено раскажа за своите најголеми несигурности.
Холивудската ѕвезда Меган Фокс, која неколкупати е избрана за најубава и најзгодна жена на светот, со години се бори со телесна дисморфија.
Станува збор за ментална состојба при што луѓето се опсесивно преокупирани со тоа дека со нивниот изглед нешто сериозно не е во ред и најчесто ги преземаат сите можни мерки за да го прикријат или да го поправат тој недостаток.
Меган (36), која се појави во најновото издание на магазинот „Sports Illustrated“, во интервјуто призна дека никогаш не се чувствувала добро со сопствениот имиџ, дека не ѝ се допаѓа како изгледа и дека со години работи да ѝ стане поудобно во сопствената кожа.
„Имам телесна дисморфија. Никогаш не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите луѓе. Не се чувствувам самоуверена кога се гледам во огледало. И никогаш немаше фаза во мојот живот кога го сакав моето тело“, вели таа.
Фокс изјави дека нејзината телесна дисморфија почнала уште на рана возраст.
„Кога бев мала, тоа ми беше главна опсесија – „зошто изгледам вака?“. Ова беше чудно бидејќи пораснав во многу религиозна средина, каде што никој не се заморуваше тоа какви ни се телата“, вели таа.
Меган признала и дека најверојатно ќе продолжи да стравува како изгледа и во иднина, па сигурно ни понатаму нема да е задоволна од нејзината фигура.
„Мислам дека процесот во кој треба да се засакам себеси ќе биде бескрајно долг“.
Фокс првпат прозборе за справувањето со телесната дисморфија во 2021 година, кога кажа дека има „многу длабоки несигурности“ поврзани со нејзиниот имиџ.
„Гледаме некого и мислиме: ’Таа личност е толку убава. Нивниот живот мора да е толку лесен‘, но во мојот случај навистина не е така“, рече тогаш актерката.