Пријанка Чопра била во депресија по операцијата што ѝ го уништила носот: „Морав да правам корекции, изгубив 2 улоги“
- Детали
- четврток, 04 мај 2023
Пред околу две години, Пријанка Чопра призна дека направила пластична операција на носот, но само затоа што хирурзите ѝ го уништиле лицето со процедура за отстранување бениген тумор од носот. Сега таа вели дека лошата операција речиси ѝ ја уништила кариерата, како и дека била во тешка депресија.
Во своите мемоари од 2021 година, Пријанка Чопра откри дека имала неуспешна операција на носот која ѝ го уништила лицето. Претходно актерката ги негираше гласините дека има направено корекции на лицето.
Сега, во интервју со Хауард Стерн, 40-годишната актерка откри дека била во депресија по процедурата, како и дека морала да направи неколку корективни операции за да си ја врати самодовербата, но и да си ја спаси кариерата.
Пријанка ја почна кариерата во Боливуд и во раните 2000-ти беше мошне популарна во родната земја.
Но, нејзината иднина во светот на шоу-бизнисот била неизвесна по лошата операција.
Тој период актерката забележала израсток во нејзиниот нос – дијагнозата покажала дека станува збор за бениген тумор кој можел да се отстрани со операција.
Пријанка без двоумење ја направила операцијата бидејќи била сигурна дека станува збор за рутинска процедура.
Но, хирургот направил грешка и ѝ го уништил целиот нос, па актерката вели дека нејзиното лице било изобличено.
„Тоа беше мрачна фаза. Моето лице изгледаше потполно различно и паднав во тешка депресија“, вели актерката во интервјуто.
Пријанка била во толку лоша состојба, што не ни излегувала од дома. Во меѓувреме, изгубила две улоги, па се плашела дека нејзината кариера „завршила пред да почне“.
Тогаш татко ѝ, кој и самиот е лекар, пробал да ја убеди да направи корективна операција на носот и да си ја врати самодовербата.
На почетокот, Пријанка била преплашена од помислата повторно да оди под нож, но татко ѝ ја охрабрил.
„Бев преплашена. Но, тој ми рече ’Ќе бидам во салата со тебе‘. Ми ја држеше раката и ми помогна да си ја вратам самодовербата“.
Во истото интервју, актерката вели дека боливудскиот режисер Анил Шарма ѝ помогнал да се врати на нозе и да продолжи со глумата.
„Требаше да играм главна улога, но ми дадоа спореден лик. Режисерот беше многу добар. Додека сите ме критикуваа, тој ми рече ’Ова е мала улога, но дај го најдоброто од себе‘. И, го дадов“.
Претходно Пријанка откри дека во Боливуд постојано била „под лупа“ за изгледот, па продуцент со којшто соработувала ја советувал да направи и други пластични операции.
„Ме погледна и ми рече да сум си ставела силикони, да направам операција на вилицата и на задникот. Ако сум сакала да бидам актерка, тој ми рече дека морало да си ги ’поправам‘ пропорциите на телото.
И, ми кажа дека знаел одличен хирург во Лос Анџелес каде што сум можела да одам. Мојот тогашен менаџер веднаш се согласи со него“.
По ова, Пријанка сфатила дека треба да ја цени својата природна убавина, па го отпуштила менаџерот.
„Ако изгледав како другите ’класични убави девојки‘, немаше да се истакнувам и, уште поважно, немаше да бидам јас“.
Во мемоарите, Пријанка вели дека иако на почетокот не ѝ се допаѓале резултатите од корективната операција, сега конечно го прифатила својот изглед.
„Сега кога ќе се погледнам во огледалото, повеќе не сум изненадена. Се помирив со оваа малку поразлична верзија од мене“.
Денес актерката има успешна кариера во Холивуд, а неодамна беше и на премиера на нејзиниот нов филм - Love Again.
На настанот, Пријанка се појави во долг елегантен фустан кој потсетува на сирена. На премиерата присуствуваше и нејзиниот сопруг - Ник Џонас.
Спирова С. | Црнобело