Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак

Како што веќе спомнавме, за многумина Ник Канон е познат како поранешниот сопруг на Мараја Кери.

Своевремено, тие беа и еден од најпопуларните парови во светот на шоу-бизнисот.

Неколку факти за нив:

Мараја и Ник се запознаа во 2005 година, на доделувањето на Teen Choice Awards.

Тогаш Ник беше презентер на настанот и ѝ ја додели наградата на Мараја за најдобар R&B артист.

Првите гласини за нивната врска се појавија во април 2008-ма.

Тој период Ник се појави во спот на Мараја – за песната Touch My Body.

nik-kanon-bivshiot-na-maraja-keri-ima-12-deca-ne-mozhe-da-gi-nabroi-site-ednoto-pochina-od-rak-13.jpg

Се венчаа два месеца подоцна.

Ник и Мараја не потврдија дека се во врска, туку во мај 2008-ма само открија дека стапиле во брак.

Подоцна пејачката откри дека ја криеле врската бидејќи Ник ја запросил речиси веднаш:

„Не кажувавме за врската. Не сакавме да им дадеме можност на луѓето да ни велат дека брзаме и да нè прашуваат дали сме сигурни дека сакаме да се венчаме“.

Во истото интервју за Elle, таа откри и дека Ник ја запросил двапати – еднаш во нејзиниот стан во Менхетн, а вториот пат ја „киднапирал“ со хеликоптер и повторно ѝ го поставил прашањето.

nik-kanon-bivshiot-na-maraja-keri-ima-12-deca-ne-mozhe-da-gi-nabroi-site-ednoto-pochina-od-rak-14.jpg

Во 2010-та парот ги обнови брачните завети, а Ник откри дека го направиле тоа и на првата годишнина.

„Ве охрабрувам сите да си ги обновувате заветите на годишнината. Ако сте среќни и вљубени, славете за тоа!“, изјави актерот.

nik-kanon-bivshiot-na-maraja-keri-ima-12-deca-ne-mozhe-da-gi-nabroi-site-ednoto-pochina-od-rak-15.jpg

Во април 2011-та, парот ги доби близнаците Морокан и Монро.

nik-kanon-bivshiot-na-maraja-keri-ima-12-deca-ne-mozhe-da-gi-nabroi-site-ednoto-pochina-od-rak-16.jpg

Во 2014-та, се појавија првите гласини за проблемите во нивниот брак.

Неколку месеци подоцна, и двајцата беа забележани без нивните прстени.

Кон крајот на истата година, тие потврдија дека се разделени, а го финализираа разводот дури во ноември 2016-та.

nik-kanon-bivshiot-na-maraja-keri-ima-12-deca-ne-mozhe-da-gi-nabroi-site-ednoto-pochina-od-rak-17.jpg

Денес Ник и Мараја се во добри односи.

Тие заедно се грижат за нивните деца, а неодамна Ник изјави дека никогаш повеќе нема да стапи во брак.

nik-kanon-bivshiot-na-maraja-keri-ima-12-deca-ne-mozhe-da-gi-nabroi-site-ednoto-pochina-od-rak-18.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg