- Детали
-
понеделник, 01 мај 2023
-->
Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две деца. По разводот, Ник доби уште 10 деца со неколку различни жени, а во неодамнешно интервју не можеше да ги наброи имињата на сите.
Ник Канон, кој за многумина е познат како поранешниот сопруг на Мараја Кери, има вкупно 12 деца.
-->
Тој доби две деца од бракот со Мараја Кери, а откако се разделија, стана татко на уште 10 деца од неколку различни жени.
Всушност, тој има толку многу деца, што во неодамнешно интервју го заборави името на една од ќерките.
Во интервју со Хауард Стерн, Ник доби задача да ги наброи имињата на сите негови деца. Но, едно име кажа двапати и го испушти името на ќерката која ја доби во септември минатата година.
-->
-->
Во интервјуто, Ник на шега го обвини водителот дека го збунил, бидејќи тој сакал да ги набројува по ред, односно по возраст.
-->
Во 2019-та, Ник изјави дека не верува во моногамија, па не е реткост во исто време да има повеќе девојки. Токму поради ова, во период од околу една година, тој доби деца со неколку различни жени.
Во продолжение, нешто повеќе за децата на Ник Канон и бракот со Мараја Кери:
Најстарите деца на актерот се Морокан и Монро – близнаци кои ги доби со Мараја Кери во 2011 година.
-->
Во 2017-та, тој го доби синот Голден со моделот Британи Бел.
Три години подоцна, во 2020-та, Ник доби ќерка – Пау – повторно со моделот Британи Бел.
Во јуни 2021-ва, актерот доби уште еден пар близнаци – Зион и Зилион – овојпат со диџејката Де Ла Роса.
Само неколку месеци подоцна, тој доби уште еден син, Зен. Неговата мајка е моделот Алиса Скот. За жал, малиот Зен имаше агресивна форма на рак на мозокот и почина на само 5-месечна возраст.
Во јули 2022 година, Ник доби син со моделот Бри Тиеси.
Во септември истата година, Ник го доби деветтото дете со моделот Ланиша Кол. Станува збор за ќерката Оникс, чие име го заборави во интервјуто.
Во ноември 2022-ра, Ник доби уште едно дете со Британи Бел. За потсетување, со неа веќе имаше две деца.
Истиот месец, тој доби уште едно дете со диџејката Де Ла Роса – ќерката Зепелин.
Во декември 2022-ра, Ник доби уште една ќерка со моделот Алиса Скот. Засега, ова е најмалото дете на актерот, но тој вели дека не ја исклучува можноста да добие уште едно.
На следната страница, нешто повеќе за бракот на Ник Канон со Мараја Кери...
Би можело да ве интересира: