Ким Кардашијан и уште 10 познати личности кои (првпат) се венчаа на помлади години
Меколи Калкин
Ѕвездата од Home Alone првпат стапи во брак на само 18 години.
И неговата тогашна сопруга – Рејчел Мајнер – беше на иста возраст.
Тие се разведоа во 2002-ра, а набрзо потоа Меколи почна врска со Мила Кунис.
Оливија Вајлд
Оливија имаше 19 години кога се венча со првиот сопруг Тао Русполи.
Парот стапи во брак во 2003-та, а се разведоа во 2011-та.
Бритни Спирс
Бритни и Кевин Федерлајн се венчаа во 2004-та, кога пејачката имаше 22 години.
Заедно добија две деца, но само месец-два по раѓањето на второто, пејачката поднесе барање за развод.
Ума Турман
Првиот сопруг на Ума Турман е Гери Олдман, кој е 10-тина години постар од неа.
Тие се венчаа кога актерката имаше 19, а Гери Олдман – 31 година.
Парот се разведе во 1992-ра, а подоцна Ума изјави дека нивниот брак бил голема грешка.
Џенет Џексон
Сестрата на Мајкл Џексон имаше 18 години на денот на свадбата со првиот сопруг.
Парот не издржа заедно подолго од една година.
Шер
Своевремено, Шер и Сони Боно беа најпопуларниот пар во светот на шоу-бизнисот.
На денот на венчавката, пејачката имаше само 18 години, додека Сони – 29.
Тие беа заедно 13 години, а добија и едно дете.
Спирова С. | Црнобело