Ким Кардашијан и уште 10 познати личности кои (првпат) се венчаа на помлади години
- Детали
- сабота, 22 април 2023
Кога првпат стапи во брак, Ким Кардашијан имаше 19 години. Меколи Калкин, пак, првпат се венча на само 18-годишна возраст. Многу од славните се венчале на помлади години за првпат, а браковите кај повеќето веќе се пропаднати.
Подготвеноста за брак е субјективна – додека некои луѓе се чувствуваат подготвено во раните 20-ти, некои не сакаат да брзаат и чекаат многу подолго.
Некои ја наоѓаат својата сродна душа во младоста, додека некои го среќаваат совршениот партнер во 30-тите, 40-тите, па и подоцнежните години од животот.
Во светот на славните, има луѓе и од двете категории – некои се венчале уште пред 25-тиот роденден, а други чекале подоцна.
Во продолжение, неколку ѕвезди кои имаат стапено во брак пред да наполнат 24 години:
Ким Кардашијан
Ким Кардашијан се венча со првиот сопруг – Дејмон Томас – во 2000-та, кога имаше 19 години.
Тие беа заедно три години, пред да се разведат во 2003-та.
Софи Турнер
Ѕвездата од Game of Thrones е во брак со пејачот Џо Џонас.
Тие се верија во 2017-та, а се венчаа во 2019-та. Тогаш актерката имаше 23 години.
Заедно имаат две деца.
Рис Витерспун и Рајан Филипе
Познатата актерка имаше 23, а Рајан Филипе 25 години кога се венчаа во 1999-та.
Заедно добија две деца, а се разведоа по околу шест години од свадбата.
До денес, тие се во добри односи.
Соланж Ноулс
Пејачката Соланж, попозната како сестрата на Бијонсе, првпат стапи во брак на само 17-годишна возраст.
Нејзиниот прв сопруг, пак, на денот на свадбата имаше 19 години.
Тие се венчаа во 2004-та, а се разведоа само две години подоцна.
Аврил Лавињ
Познатата пејачка и нејзиниот прв сопруг се запознаа кога таа имаше 17 години.
Кога стапија во брак во 2006-та, Аврил имаше 24 години.
За жал, се разделија само три години подоцна.