Џејми Оливер и сопругата ги обновија брачните завети по 23 години – романтична венчавка на Малдиви со нивните пет деца
- Детали
- недела, 09 април 2023
„Јас и Џулс повторно се венчавме! Да, по 23 години заедно, мислевме дека ќе биде посебен момент да го прославиме обновувањето на нашите свадбени завети пред сите деца да почнат да го напуштаат семејното гнездо“, напиша популарниот готвач на Инстаграм.
Славниот британски готвач Џејми Оливер по 23 години брак ги обнови брачните завети со сопругата Џулс.
Тие се венчаа на плажа на Малдиви, а со нив беа нивните пет деца.
Фотографиите од романтичната венчавка Џејми ги објави на Инстаграм.
Познатиот готвач носеше син костум со бела кошула, а Џулс избра бела едноставна венчаница и вел на косата.
„Јас и Џулс повторно се венчавме! Да, по 23 години заедно, мислевме дека ќе биде посебен момент да го прославиме обновувањето на нашите свадбени завети пред сите деца да почнат да го напуштаат семејното гнездо“, ја почна Оливер својата објава.
Џејми во пораката се потсети и на првата венчавка со Џулс.
„Беше навистина посебно, смешно и романтично, а зборовите на церемонијата добија поголема смисла сега кога ги кажавме по толку многу време заедно.
Се чини како вчера да беше првата венчавка која ја чувавме тајно, освен папараците кои тогаш дојдоа во селската црква, па мислевме дека ќе биде среќен и радосен момент да го споделиме ова со вас за Велигден.
Отсекогаш сонувавме да одиме на Малдиви и беше исто како што го замислувавме, беше едноставно неверојатно“, напиша тој.
Џејми и Џулс се заедно од 18-годишна возраст, а имаат пет деца – Попи Хани (20), Дејзи Бу (19), Петал Блосом (13), Бади Беар (11) и Ривер Рокет (5).
А. Ј. | Црнобело