Како дел од фестивалот „Блесок“ во организација на KLS EVENTS, компанија која повеќе од 25 години се занимава со организација на секаков вид настани, од 26-ти до 29-ти јули 2021 година, во просториите на НУ Галеријата „Мала станица“ ќе се одржи несекојдневен настан на коj ќе се прикажат ликовни дела – слики и дигитално проектирани графички дизајни, слики, фотографии од инсталации и аудио-визуелни уметнички дела, творени низ годините од повеќе домашни признати како и млади ликовни автори.