Мултимедијална изложба на познати домашни автори - Белегот на времето

Како дел од фестивалот „Блесок“ во организација на KLS EVENTS, компанија која повеќе од 25 години се занимава со организација на секаков вид настани, од 26-ти до 29-ти јули 2021 година, во просториите на НУ Галеријата „Мала станица“ ќе се одржи несекојдневен настан на коj ќе се прикажат ликовни дела – слики и дигитално проектирани графички дизајни, фотографии од инсталации и аудио-визуелни уметнички дела, творени низ годините од повеќе домашни признати како и млади ликовни автори.

multimedijalna-izlozhba-na-poznati-domashni-avtori-belegot-na-vremeto-01.jpg

Публиката ќе може да види дела од:

  • Петар Мазев (1927-1993)
  • Костадин Танчев – Динка
  • Решат Ахмети, академски сликар
  • Ладислав Цветковски
  • Гоце Наневски
  • Бисера Михајловска
  • Адем Салиу
  • Елена Поповска
  • Ана Стојановска
  • Клелија Живковиќ

Посетителите ќе може да ја погледнат изложбата до 29 јули, во периодот од 18:00 до 22:00ч во просториите на Мала станица.

Изложбата e дел од  мултимедијалниот фестивал БЛЕСОК, кој се состои од три различни културни настани: „Мултимедијална изложба на познати домашни автори - Белегот на времето“ од 26 до 29 јули во Галерија Мала станица,  „Кино-Ан“ - проекција на домашни филмови и музика под отворено небо од 6 до 8 август во Куршумли ан и 3Д мапинг проекција со елементи од националното културно творештво и обележја, од 4 до 6 септември 2021.

multimedijalna-izlozhba-na-poznati-domashni-avtori-belegot-na-vremeto-02.jpg

Проектот е поддржан од Генералниот секретаријат на Владата за промоција на настани, луѓе, места и творби кои ја одбележуваат 30-годишнината од независноста.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg