Донесете ја Италија на вашата трпеза – неодоливи сирења за вкусни мезиња, само во Delicatessen Tinex
- Детали
- четврток, 22 јули 2021
Delicatessen Tinex е гурмет концепт на брендот Тинекс, а станува збор за маркет наменет за вистинските љубители на храна каде можете да најдете богат избор на специјално одбрани деликатеси и пијалаци од целиот свет за вистинско гастрономско уживање.
Широката палета на странски брендови кои произведуваат сирења, сувомеснати производи и вина, на момент ја носат италијанската, француската и шпанската кујна на вашата трпеза, преку производите кои може да се најдат во Delicatessen Tinex.
Вистинските гурмани кои знаат да го ценат квалитетот на храната нема да останат рамнодушни на големиот избор деликатеси, па неодоливиот мирис кој се шири низ маркетот, ќе ве натера да посакате да ја наполните трпезата со специјалитети направени од вкусните сирења и сувомеснати производи.
Покрај широката палета на странски производи кои ги увезува Delicatessen Tinex, во маркетот ќе наидете и на љубезни продавачи кои ќе ви објаснат што и да ве интересира за деликатесите, а ние имавме можност да го искусиме тоа.
Според она што имавме можност да го видиме, Македонците имаат истенчен вкус и знаат да препознаат вистински квалитет, но има и многумина кои имаат желба да пробаат нешто ново и да научат нешто повеќе за вкусните деликатеси кои ретко може да се најдат на други места.
Кога станува збор за сирења, италијанскиот бренд Ciresa е еден од најквалитетните, а во Delicatessen Tinex ќе најдете широка лепеза производи кои задолжително треба да ги пробате и да си подарите гастрономско уживање.
Ако посакувате на вашата трпеза да направите „фенси“ специјалитети како на Инстаграм фотките и да ги оставите гостите со подзинати усти, во Delicatessen Tinex ќе ги најдете потребните деликатеси кои ќе ви помогнат во тоа.
Во асортиманот на Delicatessen Tinex ќе ги пронајдете следните производи на Ciresa, кои ќе го задоволат вкусот и на најпребирливите купувачи, a потрагата по нови производи, не застанува.
- Gorgonzola DOP
- Gorgonzola DOP Piccante
- Mozzarella di Bufala Campana Tartufina
- Mozzarella Cour di Burrata / Stracciatella
- Blu di Capra
- Mascarpone
- Quartirolo Lombardo DOP
- Mozzarella
- Mozzarella Fior di Latte
Од љубезните продавачи, но и од објавите на социјалните мрежи на Delicatessen Tinex, може да научите многу повеќе за овие типови сирења и да го збогатите вашето гастрономско знаење.
Stracciatella
Straciatella е срцето на Burrata без надворешната обвивка на моцарелата. Префинет кремаст, нежен и свеж вкус за сите големи гурмани.
Blu di Capra
Blu di Capra е уште еден деликатес од Ciresa. Козјо сирење со зеленикаво сини вени кои се раширени низ текстурата.
По зреењето, ова сирење развива интензивен вкус, малку пикантен, но исто така многу хармоничен.
Mozzarella Fior Di Latte
Mozzarella Fior Di Latte е полумеко свежо сирење направено во стилот на вистинската италијанска моцарела.
Ова кравјо сирење има заострен вкус, со еластична текстура, а Италијаните го користат најчесто за пица, поради неговите врвни карактеристики на топење.
Mozzarella di Bufala Campana Tartufina
Има ли поубава комбинација на уникатни и префинети вкусови?! Ова сирење има мека, еластична текстура, со бела порцеланска боја и карактеристична деликатна арома на свежо млеко и црн тартуф.
Следете ги Delicatessen Tinex на Фејсбук и Инстаграм и задолжително посетете ги маркетите и наполнете ја трпезата со најквалитетните сирења на Ciresa.
Delicatessen Tinex може да го најдете на три локации во Скопје:
- Беко - ул. Даме Груев бр.14
- Буњаковец - бул. Партизански одреди бр.18
- Водно - ул. Питу Гули бр.59