Hisense советува: Како да дишете свеж воздух во затворен простор

Појавата на невидлив непријател, односно коронавирусот кој полека, но сигурно влезе во нашите животи и просторите во кои живееме секој ден, нè принуди да поминуваме сѐ повеќе време дома, правејќи го домот во исто време  канцеларија и простор за дружење. Тоа  придонесе за влошување на квалитетот на воздухот во внатрешноста и доведе до појава на алергии, зголемени реакции на стрес, проблеми со спиењето и негативно влијание врз здравјето на кожата.

hisense-sovetuva-kako-da-dishete-svezh-vozduh-vo-zatvoren-prostor-01.jpg

Добар начин да започнете да работите на одржување на здравјето е да го подобрите квалитетот на воздухот што го дишете секој ден. Затоа, многу е важно да се усвојат неколку едноставни и корисни совети кои можат да бидат клучни за одржување добро здравје.

За почеток забранете го пушењето во домот

И покрај тоа што никој во вашиот дом  не е пушач, не е исклучена можноста да ви дојде на гости личност која е пушач. Чадот од цигари долгорочно останува во просторот заробен на мебелот, тепихот, завесите оставајќи непријатен мирис и отровни материи кои го нарушуваат квалитетот на воздухот.

Не заборавајте редовно да проветрувате

Логично е дека  честата вентилација на просторијата е од суштествено значење. Отворете ги прозорците во спалната соба секое утро откако ќе станете и секоја вечер пред спиење, а во текот на денот и другите прозорци во куќата за да излезе воздухот што се акумулирал во текот на денот и ноќта надвор од собата, и да се замени со свеж воздух.

Отстранете ја водената пареа

Готвењето, капењето, пеглањето, сушењето на алишта во домот, па дури и дишењето создаваат водена пареа која може да предизвика тешкотии при дишењето и да го влоши здравјето на луѓето кои страдаат од астма. Ако можете, исушете ги алиштата надвор и никогаш не ги ставајте на радијатор. Мувла често пати се појавува во бањата, што дополнително му штети на здравјето, па затоа се препорачува проветрување. Вклучете ги аспираторот во кујната и вентилаторот во бањата додека  целосно не излезе пареата.

Спијте без домашни миленици

И покрај тоа што тие се наши верни животни пријатели, обидете се да ги чувате домашните миленици подалеку од вашата спална соба, бидејќи нивните влакна многу често остануваат во воздухот и можат да предизвикаат проблеми со дишењето. Ако имате домашно милениче, особено милениче кое се митари, куќата треба да се чисти со правосмукалка најмалку двапати неделно како би се одржал оптималниот квалитет на воздухот во вашиот дом.

Пуштете ги во својот дом произведувачите на кислород

Едноставен, природен и практичен совет е својот дом да го збогатите со собни растенија за да имате свеж и здрав воздух .Со процесот на фотосинтеза растенијата, штетниот јаглерод диоксид го претвораат во кислород. Со тоа воздухот во просторијата постојано се прочистува и освежува. Собните растенија се природен прочистувач на воздухот кои ги неутрализираат штетните материи настанати од секојдневните активности во домот.

hisense-sovetuva-kako-da-dishete-svezh-vozduh-vo-zatvoren-prostor-02.jpg

Клима уреди кои го чистат воздухот, дури и од корона вирус.

Набавката на квалитетен клима уред покрај паметното ладење и греење може да помогне и во одржување на чистиот воздух во вашиот дом. Компанијата Hisense, глобален лидер во технологијата за климатизација, неодамна ги претстави своите нови видови климатизери во светот. Еден од нив, Fresh Master, има единствена Hi-NANO технологија која функционира како ефикасен плазма јонизатор и произведува голема количина на позитивни и негативни јони. Овие јони се приврзуваат на површината на бактериите и вирусите и ги апсорбираат, при што честичките на вирусот се претвораат во вода. Во текот на целиот процес, 99% од честичките на вирусот Х1Н1 (свински грип) се отстрануваат од просторијата каде е присутен.

hisense-sovetuva-kako-da-dishete-svezh-vozduh-vo-zatvoren-prostor-03.jpg

Исто така, HI-NANO не само што ги отстранува честичките на вирусот H1N1 додека ве лади или загрева, туку истражувањето на француската лабораторија Texcell откри дека оваа технологија може да ја исчисти просторијата од новиот коронавирус (SARS-CoV-2), елиминирајќи дури 93,54% на честички за само два часа.

Hisense Fresh Master, како и други климатизери со HI-NANO технологија, неодамна станаа достапни на нашиот пазар и со тоа ќе  ви ја обезбедат на вас и на вашето семејство потребната заштита од штетните честички на вируси и  бактерии  кои лебдат во воздухот незабележливи, а всушност се огромна штета по вашето здравје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg