Атлантик Група во првите девет месеци од 2023 година забележува приход од продажба во износ од 721,6 милиони евра, што во однос на истиот период од минатата година претставува раст од 15,5%. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) порасна за 3,5% во однос на истиот период од минатата година и изнесува 73,1 милиони евра, додека нето добивката порасна за 1,7% и изнесува 36,5 милиони евра.