Моника Црнокрак е новото лице, „Голден карпет“ стартува со нова сезона во ново студио

Една од најгледаните забавни емисии на Канал 5, „Голден карпет“ на 5 ноември, недела во 19:30 часот започнува со новата, четврта сезона.

monika-crnokrak-e-novoto-lice-golden-karpet-startuva-so-nova-sezona-vo-novo-studio-02.jpg

Во оваа сезона се најавуваат многу позитивни промени како и екслузивни гости, игри, предизвици и ново студио. Како и до сега, Миро Кацаров е домаќин, а друшто и оваа година ќе му прават две дами кој се добро познати на македонската јавност.

Инфлуенсерката Ивана Јанковска останува во тимот, а се приклучува мисицата Моника Црнокрак, на која ова ѝ е прво телевизкиско искуство.

monika-crnokrak-e-novoto-lice-golden-karpet-startuva-so-nova-sezona-vo-novo-studio-03_copy_copy.jpg

Комичарот и актер Бојан Велевски, исто така, го засилува тимот со своја рубрика кој ќе ја има секоја недела во 19:30.

Изминативе години во „Голден карпет“ ги гледавме најпопуларните музичари, највлијателни доктори, најуспеншните актери, најтрофејните спортисти и најеминентните политичари од Македонија и регионот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg