H&M ги отвори вратите на својата втора продавница во Скопје, во новоотворениот Diamond Mall

Во Петок, 20-ти октомври, шведската модна компанија H&M го прослави отворањето на втората продавница во Скопје, во новоотворениот Diamond Mall.

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-02.jpg

Во 12:00 часот Горан Валиќ - регионален контролор за продажба, Агелики Агриогијани - регионален менаџер за човечки ресурси, Јован Збилјиќ – регионален менаџер и Стефан Стефановски, менаџер на новоотворената продавница, свечено ја пресекоа црвената лента и ги поздравија среќните први клиенти во новата продавница од 1.800 м2.

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-03.jpg

Продавницата ги отвори своите врати по динамичниот настап на Лара и Пајак, додека Дј Еми Ермилова и Димиш ја одржаа енергијата на високо ниво со специјален Дј сет. Првите 100 клиенти добија H&M картички за подарок во вредност од 650мкд. Од 20-ти до 22-ри октомври клиентите имаат можност да добијат -15% попуст на целокупниот асортиман, како и ваучер со -20% попуст на еден производ по нивен избор, кој може да се искористи во сите продавници на H&M во Скопје помеѓу 6-ти и 10-ти ноември.

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-04.jpg

„Многу сме возбудени што ја отворивме нашата втора продавница во Скопје, во Daimond Mall! Нашата цел е да бидеме таму каде што се нашите клиенти, нудејќи им уникатно искуство во купувањето, преку нашата мода и прекрасните луѓе од нашиот тим. Во новата продавница ќе бидат претставени најновите трендови, безвременските класици и ќе биде инспирација за секој да го истражи свој стил, и да прави поодржливи модни избори.", вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M.

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-05.jpg

H&M влезе на пазарот во август 2022 година со отворањето на првата продавница во East Gate Mall. Новата продавница на H&M во Diamond Mall ќе нуди широк асортиманна актуелна мода и најнови сезонски трендови за целото семејство, повикувајќи ги клиентите да истражат и креираат свој личен стил со достапни и висококвалитетни модни делови за секојдневната облека.

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-06.jpg

Новата продавница на H&M нуди модерно и пријатно искуство за клиентите, преку широк асортиман на облека за жени, мажи, тинејџери, деца и бебиња, како и разни аксесоари. Работното време на продавницата ќе биде од 10 часот наутро до 22 часот, додека во недела и празници продавницата ќе работи до 20 часот.

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-07.jpg

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-08.jpg

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-09.jpg

h-m-gi-otvori-vratite-na-svojata-vtora-prodavnica-vo-skopje-vo-novootvoreniot-diamond-mall-10.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg